5 добри причини да го поминете викендот во природата
Што ќе правите овој викенд? Ако вашиот одговор е нешто како: „О, не знам, веројатно ќе се одморам на каучот гледајќи Нетфликс“, тоа е во ред, но ова не е најдобриот начин да го поминете викендот.
Наместо да гледате филмови дома поминете го викендот во природа. Ова се 5 добри причини зошто тоа треба да ви стане навика:
1. Викендот во природа ја намалува вознемиреноста
Доколку не сте во можност да ги слушнете сопствените мисли заради градскиот метеж, време е да го поминете викендот во природа. Дали со пријателите, семејството или сами, сосема е неважно.
Дишењето на свеж воздух ќе ви помогне да се вратите во контакт со своите мисли и емоции. Не треба да одите далеку за да го постигнете истиот ефект.
Прошетајте низ паркот или некоја подолга патека за пешачење во близина на вашиот дом и предајте се на мирот и тишината.
2. Ќе ја поттикнете вашата креативност
Поминување време во природа секогаш ќе ве натера да се чувствувате како истражувач, без разлика дали пешачите, пливате или трчате некаде низ шумата.
Дозволете ѝ на вашата имагинација да рашири крилја. Ако сакате фотографија или пишување, времето поминато во природата ќе биде непроценливо искуство за вашата инспирација.
3. Ќе направите нешто добро за вашиот вид
Престојувањето надвор е форма на превенција на „компјутерски“ вид, што подразбира проблем со видот предизвикан од гледање на екранот.
Симптомите се заматен вид, црвени и суви очи, иритација, главоболка, болка во вратот и грбот. Престојот во природа може да ги спречи и ублажи сите овие симптоми.
4. Ќе научите нешто ново во природата
Ќе научите кои печурки можат да се јадат, ќе запознаете разни видови на растенија, птици и животни кои можеби немавте можност да ги видите во учебниците за природа и општество.
5. Предизвици, предизвици
Ако пораснавте во градот кампувањето ќе ви биде голем предизвик. Веројатно нема да знаете како да поставите шатор, како да запалите оган или како да се храните ако останете без храна што ја донесовте од дома.
Бидете трпеливи и дозволете ѝ на природата да ве научи.
Ашера | Црнобело