Како да одредите нечиј карактер според неговите дланки?
Секој ден учиме нешто ново за себе. Кеј Пакард, директор на Американската академија за анализа на дланки, е сигурен дека нашите дланки откриваат многу работи за нас.
Важно е да се напоменe дека овде не станува збор за ништо мистично, туку ова се резултати од истражување спроведено на Академијата.
Од добиените резултати, научниците заклучиле дека можете да одредите нечиј карактер според неговите дланки.
Погледнете како:
Одредете ја доминантната рака
Ова е едноставен чекор, бидејќи или сте леваци или деснаци. Прстите на вашата доминантна дланка ги одредуваат вашите лични и професионални квалитети.
Прстите на другата дланка кажуваат за вашиот однос со другите.
Одредете ги силните и слабите прсти
Секоја личност има силни и слаби прсти. Колку посилен е некој прст, толку се поизразени карактеристиките што ги претставува.
Ако прстот е свиткан, се навалува кон напред или кон едната страна и не може да прави одредени работи, тогаш е слаб.
Ако прстот е долг и исправен, тогаш е силен.
- Силниот палец на доминантната дланка покажува дека тежнеете кон успех во кариерата.
- Силниот показалец ги покажува вашите интереси, јачината на вашиот карактер и смелоста.
- Средниот прст ги означува одговорноста, ефикасноста, самодовербата, развојот и мудроста.
- Домалиот прст ја претставува уметноста и искажувањето на мислите и емоциите.
- Малиот прст ги означува вашите вештини за комуникација.
Пример: Ако имате силен палец и силен среден прст на доминантната рака, тогаш веројатно сте ефикасна, одговорна и професионална личност, која не мисли само на своите амбиции.
Забележете ја формата на врвовите на прстите
- Кружната форма ја покажува вашата желба да бидете во добри односи со другите. Оваа форма покажува и страв од одбивање.
- Четвртестите и рамни врвови на прстите покажуваат дека сте прецизна личност, која не ја сака несигурноста.
- Прстот со форма на лопата e знак за итрина и личност која сака да ги прави нештата поразлично.
- Остриот прст покажува дека многу повеќе ве интересираат необичните и мистериозните нешта.
Погледнете ги празнините помеѓу прстите
Поставете ги дланките на рамна површина и обрнете внимание на празнините помеѓу прстите.
Ако прстите се многу разделени еден од друг, најверојатно сте независни и сакате да експериментирате.
Ако прстите се поставени блиску еден до друг, вие сте внимателна личност.
Ако средниот и домалиот прст се разделени, тогаш ви е тешко да бидете влијателни. Ако се блиску еден до друг, тогаш настојувате да ги исполнувате општествените очекувања и ги следите правилата.
Обрнете внимание на празнината помеѓу малиот и домалиот прст. Ако се разделени, веројатно избегнувате сериозни разговори и донесување одлуки. Ако се нормално разделени (направете споредба со некој друг), вие сте независен мислител кој сака авантури.
Спирова С. | Црнобело