Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како изгледа 10 години стар чизбургер од McDonald’s?

10 години стар чизбургер од McDonald’s се чува изложен во хостелот Thykkvibaeru на југот на Исланд. Ова е всушност последниот чизбургер послужен на Исланд, пред популарниот ланец да ги затвори своите ресторани, а илјадници луѓе следат во живо што се случува со него откако е изложен јавно.

10-godini-star-hamburger-od-mcdonalds-se-cuva-vo-muzej-vo-sto-se-ima-pretvoreno.jpg

Всушност, поинтересно е што НЕ се случува со бургерот, а би требало.

Наизглед неуништливиот сендвич го купил извесен Хјортур Смарасон на 31 октомври 2009 година, токму пред затворањето на McDonald’s за време на финансиската криза. Со тоа Исланд стана единствена западна земја без овој ланец ресторани.

„Го купив последниот оброк заради неговата историска вредност. Освен тоа, имав слушнато дека нивните бургери никогаш не се распаѓаат, па сакав да проверам“  - изјавил Смарасон.

Изгледа има вистина. И бургерот и помфритот и после 10 години изгледаат како да се направени вчера.

Постои и страница на која може во живо да ги следите промените на бургерот кој од гаражата на Смарасон стигна дури и до исландскиот национален музеј. 

 Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg