Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто е важно да имаме ритуали?

Се чини дека нашите предци посветувале повеќе внимание и време на ритуалите, отколку што правиме денес, како да биле повеќе свесни за нив. Па така постеле, палеле огнови, ги чувале мртвите и сл.

Zosto e vazno da imame rituali 01

 Иако некои ритуали полека се забораваат денес, ја чувствуваме нивната важност. Ритуалите го означуваат преминот од познатото во непознатото, во нова фаза од животот.

Сите, до одреден степен, се плашиме од промени. За полесно да се справат со нив, луѓето „измислија“ ритуали. Ритуалите ни даваат чувство на сигурност, врска помеѓу видливиот и невидливиот свет.

Благодарение на ритуалите полесно можеме да се справиме со сопствените емоции. Преку ритуалите се поврзуваме.

Различни видови ритуали

Имаме секојдневни ритуали - некој сака да запали цигара после ручек, некој наутро сака да пие кафе и сл. Некои ритуали се периодични, па се поврзани со годишните времиња и празниците. На пример, пред Велигден ќе ги фарбаме јајцата, ќе ставиме елка на Бадник и сл. 

Постојат и големи годишни ритуали, како славење на родендени и имендени. Многу често ги одбележуваме со храна, така што во некои прилики подготвуваме одредени видови храна, како јајца за Велигден, мисирка за Божиќ, торта за роденден...

Многумина ќе се сетат на големи ритуални транзиции, како свадби, крштевки, погреби. Ритуалите честопати се поврзуваат со ритуални бои и симболи. На пример, на свадби невестите главно носат бели венчаници, а на погреби се облекуваме во црна облека.

Zosto e vazno da imame rituali 02

За што служат ритуалите?

Како што споменавме погоре, ритуалите се поврзани со промени во животот. Се плашиме од нив затоа што не знаеме што ни носи иднината. Промените се составен дел од животот и се случуваат, без разлика дали тоа го сакаме или не.

Добро е промените да се одбележат со ритуали. На овој начин, ќе бидеме свесни за новата сила во нашите животи и ќе ни биде полесно да се интегрираме. Па така промените ќе ги доживуваме како предизвик, а не само опасност и непријатност.

Zosto e vazno da imame rituali 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg