5 работи што секогаш треба да бидат на вашиот дневен распоред
Живееме брз живот и се обидуваме секој ден да стигнеме да завршиме со сè што посакуваме, па често заборавиме на некои основни работи што се добри за нашето здравје и среќа.
Честопати треба да ги потсетуваме децата да ги мијат забите додека еден ден тоа не им стане навика.Така треба да се потсетиме, како возрасни, за некои основни работи што ни помагаат да живееме посреќен и поздрав живот.
Овие 5 работи секогаш треба да бидат на вашиот секојдневен распоред:
1. Правилно дишење
Можеби звучи чудно, затоа што дишењето е автоматски процес, но повеќето од нас не дишат доволно длабоко, па затоа не внесуваме доволно кислород за нашето тело да функционира нормално.
Затоа е неопходно да не забораваме да дишеме длабоко и правилно секој ден.
2. Сончање
Многу луѓе имаат недостаток на витамин Д во организмот, затоа што не се доволно изложени на сонцето. Овој витамин тешко може да се надополни со исхраната.
Ако сè уште не сте излегле надвор, не заборавајте да излезете на сонце, минимум 10 минути. Топлината на сонцето ќе го подобри вашето расположение и ќе ви го загрее срцето.
3. Читање
Читање книги, весници, списанија, го вежба нашиот вид и ја збогатува нашата душа. Дури и ако читате само една страница пред спиење, читањето е важно за здравјето на нашиот ум и тело.
Исто така, преку читање се поврзуваме со другите, без разлика дали му читаме на партнерот дел од книгата или читаме приказна за добра ноќ.
4. Смеа
Не дозволувајте еден ден да помине без да се смеете. Научно е докажано дека смеата го подобрува расположението, ја зголемува емоционалната приврзаност и ја намалува напнатоста.
Ако не сте опкружени со смешни луѓе, барајте смешни клипови на интернет или читајте шеги. Не е неопходно да се „умре“ од смеа, доволно е само да се забавувате.
5. Поврзаност со другите
Во наша природа е потребата да бидеме поврзани со други луѓе. Кога не сме, се чувствуваме депресивни и осамени.
Поврзаноста преку социјалните мрежи е одлична, но не може да ги замени позитивните ефекти на поврзаноста во реалниот простор и време. Ако размислувате да повикате пријател, не заборавајте да го повикате.
Ашера | Црнобело