Пријател или психотерапевт? Дали сме вистински пријатели или само се искористуваме?
Колку пати ви се случило да ги слушате вашите пријатели со часови како зборуваат за нивните проблеми? Се чувствуваме добро кога можеме да им помогнеме на пријателите во нивните проблеми.
Но, понекогаш само сакаме да бидеме во удобно друштво и да водиме обичен разговор. Особено ако имаме чувство дека пријателите нè искористуваат заради нашите вештини за слушање и емпатија. На крајот на краиштата, психотерапевтите не се наши пријатели, ниту, пак, ние треба да им служиме на нашите пријатели како психотерапевти.
Психотерапијата е посебен вид на однос. Одиме кај професионалец за да ни помогне да ги решиме нашите проблеми. Даваме пари за ова и се воспоставува целосен баланс на моќ помеѓу клиентот и терапевтот.
Но кога глумиме психотерапевти со нашите пријатели, постојат големи разлики во моќта. Во зависност од распределбата на моќта последиците можат да бидат лоши.
Кога сме во состојба да им служиме на нашите пријатели како психотерапевти, важно е да утврдиме кои се нашите примарни мотиви да се согласиме на таков однос. Можеби имаме грижлива природа и се чувствуваме добро и исполнето кога ќе ни се обратат за помош и кога ќе ни веруваат?
Кога му помагаме на пријателот да ги реши проблемите, се чувствуваме задоволно и способно. Имаме моќ да им кажуваме на другите што и како да направат нешто. Сакаме да даваме совети и насоки и се чувствуваме како добри водачи.
Сепак, вистинскиот проблем се појавува кога нашите пријатели ни даваат чувство на супериорност. Се чувствуваме добро со нашите пријатели кои имаат проблеми, затоа што со нив, нашите животи изгледаат идеално.
Откако нашиот пријател конечно ќе одлучи да оди напред и да го реши проблемот, ние започнуваме да се спротивставуваме, бидејќи го губиме чувството на супериорност. Со тоа можеме да му наштетиме на пријателот.
Иако најчесто помагаме, затоа што имаме корист од тоа, најстрашно е кога туѓите проблеми ни служат како храна за нашето его и за нашата самодоверба.
Иако се чувствуваме добро кога ќе им помогнеме, тоа чувство нема да трае вечно и во одреден момент ќе почнеме да се чувствуваме лошо кога тој пријател нема да ни се јави повеќе.
За да бидеме добри во нашите совети, треба да имаме добри вештини за слушање, да бидеме емпатични, да имаме разбирање за нашите пријатели и да можеме да го видиме светот со нивните очи.
Проблемот се јавува кога ќе откриеме дека нашиот пријател не е во право, дека нешто прави лошо или дека стои на место, без желба да го реши проблемот. Вистинскиот психотерапевт користи методи на соочување и честопати наидува на отпор на клиентот. Сепак, ова не е голем проблем затоа што неговиот клиент не му е пријател.
Но како да се соочиме со пријателите и да го одржиме нашето пријателство? За навистина да им помогнете на луѓето да ги решат своите проблеми, не е секогаш доволно да обезбедите поддршка.
Луѓето честопати не се подготвени да се соочат со пријателите. Тие очекуваат нивните пријатели целосно да ги поддржат и да бидат на нивна страна. Кога ќе се случи конфронтација, можно е некој да има проблем со тоа.
Не треба целосно да се укинат односите во кои си помагаме едни на други, во кои се консултираме и си играме психотерапевти. Важно е да го правите ова повремено и рамноправно.
Понекогаш ова ни помага да се чувствуваме подобро, а понекогаш ни одговара да одиме на концерт или филм. Важен е балансот во односот, како и искреноста со пријателите.
Ашера | Црнобело