Чувства што буквално ни го уништуваат телото
Ако кажеме дека чувствата нè трујат, тоа не е само поетско изразување. Не верувате?
Ајде да погледнеме како емоциите влијаат на одделните органи за да можеме полесно да разбереме колку се тесно поврзани со труењето на телото.
1. Лутина
Кога сме лути доаѓа до застој во црниот дроб. Чувството на гнев го спречува нормалното функционирање на црниот дроб, што е исклучително важно за прочистување на нашата крв.
Ако црниот дроб е блокиран од гневот, ќе бидеме отруени.
2. Тага
Слична работа се случува кога чувството на тага го саботира правилното функционирање на нашите бели дробови - друг орган задолжен за детоксикација. Како дишете кога сте тажни? Дали длабоко и опуштено?
Не, би можеле да кажете дека дишете како риба - плитко и во грч. Затоа велиме дека „тагата не стиска“ или чувствуваме дека „тагата нè задушува“. Тагата директно влијае на дишењето.
3. Страв
И третиот орган за детоксикација - бубрезите, се под силно влијание од сетилата. Бубрезите и мочниот меур се најмногу погодени од страв.
Го знаете изразот дека некој се „замрзнал од страв.“ Ова се случува кога бубрезите, поради стравот, одеднаш ќе се стегнат и ќе дојде до застој во филтрирањето и прочистувањето на крвта. Како резултат ни се нарушува циркулацијата, што предизвикува ладење на нашите раце и нозе.
4. Грижа
Загриженоста нè труе директно. Ова чувство влијае, пред сè, на нашето варење - желудникот, слезината и панкреасот. Често слушаме дека некој има „грчеви поради грижа“.
Факт е дека органите за варење се во грч кога се грижиме и не можат да ја извршат својата задача. Тоа е причината зошто и најквалитетната храна може да стане отровна во организмот, затоа што неправилно се преработува.
5. Алчност
А што е со алчноста? Ја чувствуваме токсичноста на алчноста во секојдневните настани. За алчните луѓе се вели дека се „тврдоглави“ и ова е многу точен опис. Алчноста влијае на срцето и тенкото црево.
Желбата за поголемо богатство се манифестира со аритмии и неправилности на срцето. Алчноста успешно ги создава сите други, веќе споменати чувства.
Оној кој живее во постојан страв дека може да биде лишен од нешто, дека нема да успее или е оптоварен со исхраната, многу брзо започнува да ги доживува другите споменати чувства.
Така кај „вечно тажните“ луѓе се јавуваат хронични тешкотии во дишењето (астма, бронхитис), во случај на „вечно вознемирени“ потешкотии при варењето на храната, кај „секогаш лути и разочарани“ тешкотии со црниот дроб, а кај „постојано исплашени“ проблеми со циркулација.
Ашера | Црнобело