Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 хобија што го спречуваат стареењето на мозокот

Свирење инструмент

Свирењето инструмент го поттикнува когнитивниот развој, ја подобрува координацијата, како и моторичките способности.

И кај децата и кај возрасните, свирењето го зголемува и коефициентот на интелигенција.

Играње шах

Сите знаеме дека шахот е одличен начин да ја зголемите вашата интелигенција.

Оваа игра го поттикнува развојот на двете мозочни хемисфери, го подобрува помнењето и го поттикнува стратегиското размислување.

12-hobija-shto-go-sprechuvaat-stareenjeto-na-mozokot-04.jpg

Танцување

Танцувањето е одлична физичка активност, која е добра и за вашиот мозок. Со танцување ќе го намалите нивото на стрес и ќе го зголемите нивото на серотонин во вашето тело.

Танцувањето е и одличен начин да ја зголемите интелигенцијата, бидејќи за да ги запомните чекорите, ќе мора да активирате разни делови од мозокот.

Тимски спортови

Спортувањето во тим доаѓа со многу предности. Покрај физичката активност, ова е и одлична можност да создадете нови пријатели и повеќе да комуницирате со другите.

Истражувањата покажале дека недостатокот од комуникација има негативно влијание врз мозокот, па кошарката, фудбалот и другите тимски спортови се одлични за вас.

12-hobija-shto-go-sprechuvaat-stareenjeto-na-mozokot-05.jpg

Боречки вештини

Покрај тоа што со боречките вештини ќе научите како да се браните, тие имаат и одлично влијание врз развојот на мозокот.

Со боречките вештини ќе ги подобрите концентрацијата и рамнотежата, а ќе постигнете и обединување на духот и телото.

Плетење

Знаевте ли дека плетењето е одличен начин да се справите со анксиозноста, депресијата и хроничната болка?

Активностите што бараат да ги користите рацете можат да се споредат и со медитација.

12-hobija-shto-go-sprechuvaat-stareenjeto-na-mozokot-06.jpg

Пишување

Пишувањето може да биде одлична терапија, без разлика дали водите дневник, запишувате идеи или пишувате некој расказ.

Пишувањето можете да го користите како алатка против стресот, а запишувањето на вашите мисли ќе ви помогне да решите многу проблеми.

Учење странски јазици

Учењето странски јазик дефинитивно ќе ве направи попаметни. Покрај тоа, кога ќе знаете друг јазик, ќе можете полесно да комуницирате со странци и подобро да ја запознаете нивната култура.

Сето ова помага во намалувањето на ризикот од деменција.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 неочекувани навики поради кои никогаш не сте доволно наспани Вежбате навечер и носите несоодветни пижами – кои навики можат да имаат негативн...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
13 корисни трикови што може да ве спасат од незгодни ситуации со изгледот Како брзо да ги избелите забите или да го освежите здивот? Овие корисни трикови ...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg