12 хобија што го спречуваат стареењето на мозокот

Стареењето не влијае само врз вашиот изглед, туку и врз вашиот мозок. За жал, не сите успеваат да ги зачуваат помнењето и интелектот во староста.

12-hobija-shto-go-sprechuvaat-stareenjeto-na-mozokot-01.jpg

Дури и кај најздравите луѓе, во староста може да настане природно влошување на когнитивните функции.

Сепак, експертите се убедени дека ако се храните здраво, вежбате и правите работи што го стимулираат мозокот, можете да го избегнете сето ова.

Некои активности се одлични за вашиот мозок и го поттикнуваат неговиот развој, дури и во староста.

Па, доколку барате ново хоби и сакате да го поттикнете развојот на мозокот, одберете една од овие активности и изведувајте ја најмалку половина час дневно.

Медитација

Медитацијата ги намалува стресот и крвниот притисок. Покрај тоа, го зајакнува имунитетот и ја подобрува концентрацијата.

Всушност, само 10 минути медитирање ќе ви го подобри расположението и ќе му помогне на мозокот да работи подобро.

Работа во градина

Дури и градинарството е одлично хоби за вашиот мозок. Оваа активност го намалува нивото на кортизол, го подобрува расположението и го намалува ризикот од деменција за 36%.

Покрај тоа, градинарството ќе ви го подобри расположението, а вашата градина дефинитивно ќе ве направи горди. Можеби најдоброто е што за оваа активност, ќе морате да излезете на свеж воздух.

12-hobija-shto-go-sprechuvaat-stareenjeto-na-mozokot-02.jpg

Готвење

Многу истражувања покажале дека луѓето кои готват дома, имаат многу поздрав живот.

Кога готвите, самите одбирате кои состојки ќе ги користите, па вашите оброци ќе бидат многу поздрави.

Самиот процес на готвење, пак, предизвикува задоволство, а ова има позитивно влијание врз мозокот.

Читање

Со читањето ќе го подобрите вашиот фокус, ќе си го збогатите речникот, ќе ја развиете фантазијата и ќе ги подобрите аналитичките способности.

Истовремено, читањето се покажало како еден од најдобрите начини за намалување на стресот.

12-hobija-shto-go-sprechuvaat-stareenjeto-na-mozokot-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 неочекувани навики поради кои никогаш не сте доволно наспани Вежбате навечер и носите несоодветни пижами – кои навики можат да имаат негативн...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg