Психологија на боите - што открива вашата омилена боја?
Бојата на здравјето и просперитетот. Исто така, оваа боја се перцепира и како боја на смиреноста бидејќи е боја која најчесто се среќава во природата.
Многу често болниците ги бојадисуваат сите ѕидови во зелена боја.
Зелени логоа можат да се видат на компании како Animal Planet и Starbucks, а најчесто е прв избор како боја на лого за компании кои се занимаваат со еколошки прашања.
Страст, пасија, глад, енргија и активност.
Се верува дека оваа боја продира до нашите биолошки потреби. Затоа не е ништо чудно што многу компании како McDonalds, Burger King и Coca Cola ја користат црвената како основна боја во своите логоа.
Во некои истражувања каде што биле прикажувани исти девојки во различна боја на облека, најголем број од мажите се сложиле дека девојките во црвена комбинација на облека им се најпривлечни.
Фокусираност, позитивни чувства, среќа.
Се верува дека овие две бои ги стимулираат активните емоции кај луѓето односно оние емоции кои нè тераат на акција.
Пример за компании со жолта или портокалова боја на своето лого се Ferrari, Ikea, Snapchat, Harley-Davidson.
Бојата на луксузот и благородништвото. Претставува богатство и софистицираност.
Бидејќи не се среќава многу често во природата знае да остави впечаток и на нешто вештачко, па затоа многу компании ја употребуваат само во мали елементи од своите логоа.
Други интересни психолошки ефекти на боите:
Светлите бои можат да го подобрат нашиот социјален живот. Се верува дека боите кои ги носиме можат да го подобрат нашиот прв впечаток кај некого помеѓу 62- 90%.
Доколку сте на прв состанок со некого, се препорачува за мажите да носат нешто во сина боја а за жените во црвена. Истражувањата покажале дека овие две бои даваат најголеми шанси за втор состанок.
Доколку одите на интервју за работа, тогаш научниците препорачуваат нешто во црна боја.
Сакате да ја пребоите својата соба или стан/куќа?
Светлите бои го отвораат просторат и оставаат впечаток дека просторот е чист додека потемните или пастелни бои го затвораат просторот и прават чувство на удобност и топлина.
Не се препорачува да се мешаат повеќе од 3 бои во една просторија бидејќи оставаат впечаток на хаотичност и поттикнуваат напнатост и нервоза.
Не секој од нас сонува во боја.
Храната во сина боја помага при држење на диети бидејќи сината боја делува врз нас како потиснувач на апетитот.
Бојата која ја гледаме во потполна темница не е црна туку е нијанса на темнo сива. Нејзиното име е Eigengrau.
Зошто во поексклузивните ресторани храната која ни е сервираат е украсена и декорирана?
Според многу истражувања бојата на храната влијае врз тоа како го перцепираме нејзиниот вкус.
Храната декорирана во потопли бои (црвена, жолта, зелена) била опишувана како повкусна.
Ова е затоа што тие бои потикнуваат лачење на одредени хормони кои стигаат до нашите рецептори за вкус и го „менуваат“ искуството кое го доживуваме.
Мила М. | Црнобело