Секојдневни навики кои несвесно, малку по малку, нè „оглупавуваат“

Статичниот начин на живот, нездравата исхрана и алкохолот знаеме дека ни го скратуваат животниот век. Но, дали сте знаеле дека има и секојдневни навики кои ви го скратуваат IQ-то?

sekojdnevni-naviki-koi-nesvesno-malku-po-malku-ne-oglupavuvaat-001.jpg

Има работи кои секојдневно ги правите и повторувате, без да бидете свесни дека полека, малку по малку ве „оглупавуваат,“ односно ви ја намалуваат работата на мозокот.

За кои навики зборуваме?

Заборавате да фантазирате и сонувате

Соновите се производ на нашата имагинација, а самиот чин на замислување и фантазирање го тера мозокот да работи напорно, иако вие се чувствувате релаксирано во тие моменти.

Истражувањата покажуваат дека ваквото мечтаење за подобро утре ви помага мозокот да остане активен и буден, а како последица на тоа полесно ќе ви текнуваат важни информации во клучните моменти.

sekojdnevni-naviki-koi-nesvesno-malku-po-malku-ne-oglupavuvaat-01.jpg

Постојано работите во големи групи

Еден експеримент докажал дека способноста за размислување и „брејнсторминг“ е многу поголема кога сме сами, отколку во групи.

Константата работа во групи само ви ја намалува желбата за активирање на мозокот, а на долг рок така се намалува коефициентот на интелигенција.

sekojdnevni-naviki-koi-nesvesno-malku-po-malku-ne-oglupavuvaat-02.jpg

Лошо осветлување

Пригушеното светло и работата во темни простории ви ја попречува способноста да учите и паметите информации.

sekojdnevni-naviki-koi-nesvesno-malku-po-malku-ne-oglupavuvaat-03.jpg

Користење на GPS

Луѓето кои прашуваат случајни минувачи за насоки, наместо GPS уреди, докажано е дека имаат помал ризик да заболат од Алцхајмер.

sekojdnevni-naviki-koi-nesvesno-malku-po-malku-ne-oglupavuvaat-04.jpg

Комуникација со мала група на луѓе, колеги, пријатели

Добро познатата фраза „комфорната зона ќе те убие“ е докажана како точна. Контактите со луѓе кои немаат никаква допирна точка со вас ќе ве натера да ги проширите видиците и правците за размислување.

sekojdnevni-naviki-koi-nesvesno-malku-po-malku-ne-oglupavuvaat-05.jpg

Константно трпење на бучава

Тишината и добрата меморија се взаемно поврзани, па сосема е точно дека колку повеќе сте изложени на секојдневна бучава, толку потешко паметите информации.

sekojdnevni-naviki-koi-nesvesno-malku-po-malku-ne-oglupavuvaat-06.jpg

Зависност од интернет и социјални мрежи

Во време кога сме преплавени со информации кои не ни се потребни, како и секоја информација ни е достапна со само еден клик, луѓето многу поретко мислат. Тоа, логично, доведува до намален напор на мозокот и негово стагнирање.

sekojdnevni-naviki-koi-nesvesno-malku-po-malku-ne-oglupavuvaat-07.jpg

Константни жалби и поплаки

Во просек, човекот се жали еднаш на секои 60 секунди во текот на разговорот, свесно или несвесно. Обидете се со благодарност наместо поплаки, и гледајте како чуда се случуваат.

sekojdnevni-naviki-koi-nesvesno-malku-po-malku-ne-oglupavuvaat-08.jpg

Постојан мултитаскинг

Колку и да сме убедени во спротивното – дека колку задачи повеќе извршуваме, толку мозокот понапорно работи, не е точно.

Постојаното работење во мултитаскинг систем може да ви го намали IQ-то за 15 единици.

sekojdnevni-naviki-koi-nesvesno-malku-po-malku-ne-oglupavuvaat-09.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Зелка од 30kg, огромно глуварче: 13 работи кои ќе ве запрепастат со големината Огромни грутки мраз кои паѓаат како дожд, цвеќе поголемо од дланката, јајце кое ...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg