„Опасни“ земји каде што тетоважата може да ви предизвика проблеми
Уште од античко време, луѓето го краселе телото на различни начини. И додека некои носеле обетки, други воински бои, тетоважите биле присутни во многу култури. Подоцна се прошириле и станале сеприсутни.
Салони за тетоважи можат да се пронајдат практично на секој чекор, но сепак се чини дека тетоважите можат да ви предизвикаат проблеми во некои држави.
Тајланд
Не се шегувајте со Буда. Бидејќи Тајланд е претежно будистичка земја, сликите и статуите на Буда се сметаат за свети, па ако мислите дека оддавате почит со негова тетоважа, не сте во право.
Да се има тетоважа на Буда на раката или грбот се смета за непочитување и многу е навредливо за припадниците на религијата. Затоа, Тајланд ги забрани таквите тетоважи на локалното население, како и на странците.
Данска
Во оваа земја е забрането тетовирање на рацете, вратот или лицето од 1996 година. Се разбира, Данците се сè уште премногу либерални, па ако шетате низ Копенхаген ќе видите многу луѓе со тетоважи точно на споменатите места.
Но ако одлучите да се тетовирате во Данска, мајсторите за тетоважи можеби ќе одбијат да ги тетовираат вашите раце или глава.
Хаваи
Тука е забрането тетовирање на две места, освен ако немате дозвола од доктор. За тетовирање зад уво или врз очните капаци, присуството на лекар е задолжително.
Северна Кореја
Како и сè друго, тетовирањето во оваа земја е под строга контрола на Комунистичката партија. На пример, не смеете да го ставате зборот „љубов“, ако со тоа покажувате чувства кон сопственото семејство, но ако покажете чувства кон државата - тоа е добредојдено.
Од друга страна, ако сакате да тетовирате слика на Ким Јонг Ун или некој од неговите предци, ќе завршите во затвор, бидејќи сликите на владарите се свети.
Јапонија
Иако Јапонците не бранат тетовирање, не можете да влезете со нив насекаде. Причината за ова лежи во минатото, кога тетоважите биле поврзани со јапонското криминално милје, поточно, јакузи.
Значи, ако се подготвувате за базен, теретана, ресторан или друга слична локација, проверете дали вашите тетоважи се забележителни.
Германија
Иако во Германија има многу тетовирани луѓе, некои работи се забранети со закон и се казнуваат. Не смеете да имате истетовирана свастика или сличен симбол што укажува на нацизмот.
Германците не гледаат позитивно ни кон комунистичките симболи, така што мајсторите за тетоважи ќе одбијат да го украсат вашето тело со срп и чекан, црвена ѕвезда и сл.
Ашера | Црнобело