Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не сте подобри од другите - Правилата за живот на Данците, најсреќните луѓе на планетата

Данска долго време е лидер во категоријата држава со најсреќни жители. И никој, освен можеби Финска, не може да ја тргне од тронот.

ne-ste-podobri-od-drugite-pravilata-za-zhivot-na-dancite-najsrekjnite-lugje-na-planetata-02.jpg

Жителите на оваа држава сигурно не сакаат да променат ништо во неа, а депресијата и незадоволството се непознати термини за нив.

Наводно, тајната за среќата на Данците е тоа што тие само сакаат да бидат обични, просечни луѓе.

Покрај тоа, речиси никогаш не се преоптоваруваат за неважните работи и не размислуваат многу за она што не им се допаѓа. Овие луѓе, едноставно, живеат во сегашниот момент и се обидуваат да го искористат до максимум.

Но, ако не сте родени таму и ако не сте пораснати со вредностите на Данците, може да ви биде тешко да ги прифатите нивните „правила“ за живеење. А, некои од нив, можат дури и да ви изгледаат чудно.

ne-ste-podobri-od-drugite-pravilata-za-zhivot-na-dancite-najsrekjnite-lugje-na-planetata-03.jpg

Ова се необичните правила по кои се водат Данците:

1. Немојте да мислите дека сте подобри од другите.

2. Немојте да мислите дека сте попаметни од другите.

3. Не убедувајте се дека знаете повеќе од другите.

4. Не очекувајте совршени животни околности.

5. Не очекувајте постојано да има некој покрај вас. Понекогаш, морате самите да се изборите за себе.

ne-ste-podobri-od-drugite-pravilata-za-zhivot-na-dancite-najsrekjnite-lugje-na-planetata-04.jpg

За повеќето, овие правила звучат необично, но според психолозите, тие имаат навистина позитивно влијание врз расположението.

Благодарение на овие правила, Данците се прилагодуваат на просечен живот. Тие не бараат ништо посебно и не очекуваат ништо големо.

Со ваков поглед кон светот, овие луѓе можат да се задоволат и со најобичните нешта. Секогаш им е доволно она што го имаат, а ако добијат нешто повеќе, тоа им е само уште една причина да се радуваат.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg