Едноставни начини како да стекнете нови пријатели
Луѓето се социјални суштества, а блиските врски се многу важни за нашата благосостојба. Пријателите ни помагаат да се справиме со стресот, нè прават силни и ни помагаат побрзо да заздравиме.
Осаменоста е една од главните причини за депресија. Премногу често гледаме дека луѓето даваат предност на сè друго, само не на нивната среќа. Од семејниот живот, преку кариерата и сè друго, оставајќи го својот социјален живот настрана.
Затоа, уживајте во животот со другите и оставете простор за нови пријателства.
Ова се неколку едноставни начини да стекнете нови пријатели:
Излезете од вашата зона на комфор
Нурнете длабоко во она што ве прави живи и истражете ги вашите интереси. Кога ќе сфатите во што уживате, побарајте истомисленици.
Да речеме дека сакате да сликате, но не сте вежбале со години. Пријавете се на уметнички курс. Истакнете ја вашата креативна страна и поврзете се со другите љубители на уметноста. Никогаш не знаете, тука можеби ќе ги запознаете вашите идни најдобри пријатели.
Посетувајте работилници, пријавете се на настани или учествувајте во активности во кои обично не би биле вклучени.
Отстранете ги блокадите
Срамежливост, вознемиреност, страв од одбивање…Дали ова ви звучи познато?
Честопати, луѓето премногу се грижат за тоа што мислат другите. Отстранете ги овие негативни мисли и заменете ги со љубов, сочувство, доверба. Совладајте ги овие блокади и дозволете им на новите луѓе да влезат во вашиот живот.
Кога и да можете, започнете разговор со друга личност. Дали во возот или во кафеаната, сосема е неважно. Ова може да биде основа за долгогодишно пријателство.
Бидете активни
Не само што ќе се чувствувате неверојатно, туку излегувањето надвор ќе биде совршен начин да запознаете нови луѓе. Шетајте со кучето во паркот, пливајте или одете на часови за танцување.
Излегувајте со намера да запознаете нови луѓе и нови пријатели
Користете ги социјалните мрежи во ваша корист
Бесконечен број социјални мрежи создаде место за комуникација, а многу од денешните пријателства, всушност, започнуваат преку интернет.
Групите на социјалните мрежи ги поврзуваат истомисленици и им нудат да ги споделуваат искуствата, да договараат дружења и сл. На интернет постојат групи за скоро сè.
Користете ја денешната технологија за да се поврзете со луѓе од целиот свет.
Пред сè, бидете свои
Вистинските пријателства се засноваат на доверба, затоа бидете отворени и искрени уште од почеток. Однесувајте се кон другите како што сакате да ве третираат вас.
Најдете луѓе кои го откриваат најдоброто во вас, и запомнете, секогаш останете верни на себе.
Ашера | Црнобело