Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Дали си и ти само уште една тула во ѕидот од денешното општество?

Сите живееме брзо темпо на живот. Сите некаде брзаме. Брзаме кога читаме, брзаме кога јадеме, брзаме кога пишуваме…брзаме низ животот.

w640_630x340.jpg

Брзаме без да знаеме каде одиме. Брзаме кон подобро работно место, брзаме кон поголема плата, брзаме да ги исполниме очекувањата на сите, без да застанеме и да се запрашаме што навистина сакаме.

Дали навистина живееме или само постоиме? Дали сме само уште една тула во ѕидот од нашето општество? Или пак, навистина живееме.

Кога последен пат сте одвоиле време за вас? Кога последен пат сте поминале ден без социјалните мрежи и наместо да одите по улица и да се допишувате, сте го живееле моментот?

Кога последен пат сте му кажале „те сакам“ на некој кој навистина ви значи?

Тешки прашања, знам. Сите живееме во општество кое е филтрирана фабрика за уништување и наметнување начини на живот. Зошто поголема кариера и плата значат подобар успех? Зошто поскапиот автомобил значи господин?

Живееме во наметнати стандарди, наместо самите да ги поставиме за себе. Не се знае кој на каде „тера“. Сите некаде брзаат, без да се свестат дека животот им поминува, а ние секој ден го живееме истиот ден одново и одново.

Стануваме рано, одиме на работа, си одиме дома, вртиме по социјалните мрежи и си легнуваме да спиеме. И секој ден така, одново и одново. Жалејќи се колку ни е тешко да одиме на работа и колку ни е мачен животот.

Кога последен пат сте направиле нешто за вашето ментално здравје? Кога последен пат сте отишле во теретана и сте се погрижиле за вашето физичко здравје?

Дали сте свесни какви примери им оставаме на следните генерации? Ги учиме на погрешни вредности. Никој не зборува за љубовта. Љубовта стана табу тема. Никој повеќе не ја покажува. Срамота е да покажеш момент на слабост и емоции.

И така брзајќи низ животот ги учиме нашите деца на погрешни работи. Не им обрнуваме доволно внимание. А, знаете ли зошто? Цел живот сте биле преокупирани да стасате први во трката и сте брзале кон успех и поголема плата.

Децата не знаат што значи тоа да прочиташ книга, па да отидеш на остров со Робинзон, да плачеш кога ќе умре Клементина и да се радуваш кога Марко ќе си фати девојка.

Нема повеќе деца на игралиштата, а памтам колку беа полни пред 10-тина години. Нема повеќе насмеани лица по улиците. Сите намрштени, некаде брзаат. Децата ќе ни пораснат идентични на нас, и тие ќе бидат само уште една тула во ѕидот.

Да, навистина ќе биде така. Затоа што не ги учиме да знаат што е добро, а што не. Не ги учиме како да го живеат животот.

Колку е убаво да излезеш надвор на дождот и да накиснеш, затоа што само така ќе го почувствуваш. Дека е убаво понекогаш да се направиш „лом“ со кал од игралиштето до твојата зграда. Колку е убаво да живееш.

Да ги научиме да не брзаат, затоа што успехот сам ќе си дојде. Да не брзаат, затоа што на крајот од тунелот сите завршуваме исто. Никој не е вечен.

Да ги седнеме на кауч и да им кажеме дека во иднина треба да го работат тоа што нависитна ќе го сакаат. Тоа што што ќе ги исполнува и нема да им прави проблем да станат во 7 наутро за да отидат на работа.

Да им кажеме да не брзаат по кариера и плата, туку да живеат. Да живеат живот полн со задоволства. Да ги научиме дека не се само докторите и инженерите среќни луѓе.

Да ги прегрнеме и да им ги покажеме вистинските вредности. Убаво звучи, зарем не? Да престанеме толку да брзаме и да се свртиме наоколу, да разгледаме. Да видиме колку е убаво да се живее живтот. Да не го потценуваме и омаловажуваме, затоа што го живееме само еднаш.

Да ги прегрнеме баба и дедо, затоа што ќе ги нема секогаш до нас. Да ги прегрнеме и родителите, децата и секој што ни значи. За само еден момент, да не брзаме, да уживаме. Да си дозволиме луксуз и да отпатуваме некаде.

Затоа што кога ќе имаме 70 години кариерата и успехот ќе избледат, нема да значат ништо, а оние вистинските вредности и спомените ќе ни останат. Ќе живеат засекогаш со нас и ќе останат да живеат и после нас.

Да се издвоиме од фабриката која произведува плагијати и да живееме за нас, да живееме во моментот.

              Т.Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg