Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Физички карактеристики кои ги имаат само ретки луѓе во светот

Секоја личност е посебна и не постојат двајца исти луѓе на овој свет - дури и очигледно идентичните близнаци не го делат, на пример, истиот отпечаток на прст.

fizicki-karakteristiki-koi-gi-imaat-samo-retki-lugje-vo-svetot-001.jpg

Две личности во различни делови на светот ќе се разликуваат на многу начини. Секоја карактеристика со која се гордеете е посебна и уникатна, но експертите истакнуваат дека некои луѓе се повеќе „посебни“ од другите.

„Дополнителни“ делови на телото, посебна крв, па дури и одредени бои на коса и очи се одлики што експертите ги истакнуваат како „ретки“ и само одредени среќници можат да се пофалат со нив.

1. Вишок ребро

Физичка карактеристика што можеби ја имате, но не сте ја забележале. Повеќето луѓе имаат вкупно 24 ребра, со по 12 на секоја страна, но ретките имаат уште едно, „вишок“ ребро, што се нарекува и „цервикално ребро“.

Ова е обично карактеристика што воопшто не влијае на квалитетот на животот. Но ако ова ребро предизвика притисок врз крвните садови или нервите, може да предизвика болки.

2. Очи во различни бои

Она што се нарекува „хетерохромија“ укажува на разликата во бојата на ирисот, но исто така и на косата или кожата. Лицето кое се карактеризира со оваа состојба има очи во различни бои.

Оваа карактеристика е многу почеста кај животните отколку кај луѓето. Помалку од 1% од светската популација ја има оваа состојба.

3. Златна крв

Ако мислите дека најретката крвна група е АБ негатив, не грешите, но постои нешто што лекарите го нарекуваат „златна крв“. Крв без Rh-антигени е невозможно да се класифицира во одредена крвна група, бидејќи тоа е токму она што ја одредува.

Во 1961 година еден непознат Австралиец станал првиот човек со ова ретко нарушување, а оттогаш се пријавени само 40 дополнителни случаи.

4. Некршливи коски

Постојат луѓе кои не треба да се мачат со внесот на калциум. Тоа се луѓе со ретка генетска мутација на генот LRP5 кои имаат поголема густина на коските. Нивните коски се нескршливи.

Луѓето со оваа карактеристика тешко можат да останат над површината на водата додека пливаат.

5. Црвена коса

Иако е прилично популарна во последниве години, природна црвена коса е, всушност, многу ретка. Поточно, со црвена коса можат да се пофалат само 2% од светската популација.

6. Сиви очи

Помалку од 1% од популацијата може да се пофали со сиви очи. Сивите очи најчесто се појавуваат во западна и источна Европа, а единствената боја што е поретка од оваа е „виолетова“. Се работи за албинизам и екстремно сини очи.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg