6 недостатоци што всушност ве прават попривлечни
Во последно време, луѓето толку многу се обидуваат да бидат совршени, што не сфаќаат дека токму нивните недостатоци ги прават уникатни и привлечни за другите.
Дури и истражувањата тврдат дека прифаќањето на вашите недостатоци, e најдобриот начин да ги натерате другите да ве сакаат.
Ова се недостатоците што веројатно ги мразите, но всушност ве прават попривлечни:
Се опседнувате со ситници
Навистина е добро да сакате нешто, но кога тоа влијае врз вашите врски и здравје, тогаш постои проблем.
Сепак, понекогаш опсесивноста може да биде моќна. Кога сте опседнати се нешто, тогаш верувате во тоа со целото ваше срце.
Кога ќе наумат нешто, опсесивните луѓе ќе го направат, а ова, пак, неретко им носи голем успех.
Претерано споделување
Ако откриете премногу информации на погрешни луѓе, можете да си создадете проблем.
Но, кога ја градите или продлабочувате врската со некого, ова не би требало да биде нешто лошо.
Според една теорија, ако сакате да создадете чувство на блискост и интимност, споделувањето лични информации е најдобриот начин да го направите тоа.
Вашите цели зависат од туѓата поддршка
Луѓето често не бараат помош или поддршка, бидејќи веруваат дека тогаш ќе изгледаат слабо.
Но, ако побарате помош, тоа е всушност показател за вашата сила.
Покрај тоа, многу е добро да имате личност која ве поддржува во вашите цели.
Сакате да озборувате
Сите мразат озборување, но одвреме-навреме, сите го прават тоа.
Следниот пат кога ќе озборувате и ќе се почувствувате лошо, сетете се дека некогаш од ова може да има и корист.
Некои видови озборување можат да помогнат некому или да предупредат некој за лоши луѓе или ситуации.
Можеби озборувањето изгледа како лоша навика, но понекогаш токму тоа ја зголемува безбедноста и ве прави повнимателни.
Се држите до своето на навидум груб начин
Понекогаш не сакате да излезете со некого, да прифатите некоја работа или да направите услуга, бидејќи се ставате на прво место.
Доколку се држите до своето, без разлика колку злобно му изгледа тоа на некој, вие си правите услуга. Сепак, вашето време е само ваше и кога ќе го потрошите на нешто неважно, засекогаш ќе го изгубите.
Па, бидете себични ако сметате дека некој не го заслужува вашето време.
Истовремено, не заборавајте дека никогаш нема да ги задоволите сите.
Сакате работите да се одвиваат побавно
Денес изгледа како сите да се во брзање. Сите сакаат да присуствуваат на секоја забава, да разговараат со што е можно повеќе луѓе, да завршат што е можно повеќе обврски…
Но, ако вие не можете да го следите ова темпо, немојте да се чувствувате лошо.
Можеби, едноставно, сакате да уживате во животот, па им дозволувате на нештата да се одвиваат бавно.
Се фокусирате само на неколку луѓе, само на најважните обврски и полека, но сигурно, се движите кон вашата цел.
Па, престанете да се осудувате и уште денес прифатете ги вашите недостатоци.
Спирова С. | Црнобело