Гестикулации со кои ќе го привлечете вниманието на вашите соговорници
Понекогаш, без разлика колку ви е добар говорот, вашите гестикулации можат да го уништат.
Триењето на дланките, чепкањето на косата или прекрстувањето на рацете можат да ја „убијат“ вашата харизма.
Токму поради ова, гестикулациите што ги користите при зборување можат да влијаат многу врз вниманието што го привлекувате.
Ако ве очекува јавен говор, или само сакате да бидете подобар соговорник, ова се гестикулациите што мора да ги знаете.
„Дозволи ми да ти кажам нешто“
Ова е моќна гестикулација која веднаш ја истакнува важноста на ситуацијата, па ќе го привлече сечие внимание.
Сепак, користете ја само кога навистина сакате да истакнете нешто.
Отворени дланки
Оваа гестикулација е одлична доколку сакате да ја стекнете довербата на публиката. На овој начин покажувате дека сте отворени и дека не криете ништо.
„Ти“
Ова е одличен начин да нагласите некоја тема и да се поврзете со соговорникот.
Па, ако сакате да ја зацврстите врската со некого, ова „покажување“ ќе ви се најде и дефинитивно ќе го привлече неговото внимание.
Рака на срце
Кога некој ја става раката на срцето, повеќето луѓе веднаш се убедени дека личноста ја зборува вистината.
Ова е универзален гест, што покажува искреност и ги тера луѓето да ви веруваат.
Нагласување поенти
Луѓето подобро ќе ја разберат вашата поента ако користите гестикулации.
Кога ги движите дланките горе и долу, ги нагласувате вашите идеи и им го олеснувате разбирањето на соговорниците.
„Фаќање“ на поентата
За да ги нагласите најважните нешта од вашиот говор, користете го овој гест.
Слушателите веднаш ќе почувствуваат потреба да се фокусираат на она што го кажувате.