7 начини на кои другите ве тераат да правите што сакаат
Постојан пристап
Според истражување од Стенфорд, на луѓето им е потешко да ја одбијат истата личност неколку пати.
Ова значи дека ако одбиете да направите услуга некому, а потоа тој ве замоли за нешто друго, големи се шансите да прифатите. Причината за ова е чувството на вина.
Ветување за профит
Наводно, ако луѓето дознаат дека можат да профитираат од услугата што ја барате од нив, тогаш најверојатно ќе прифатат.
Ова е трик што најчесто го користат себичните луѓе, само за свои цели.
Па, ако сте во ваква ситуација, добро размислете дали навистина ќе добиете нешто, или само ве користат.
Секогаш можете да кажете „Не“
Ако некој ви даде простор да го одбиете, поголема е веројатноста да го прифатите она што го бара од вас.
Ако некој ви рече дека не морате да правите нешто или дека вам ви останува да одлучите, можно е да станува збор за замка.
Ова прави како да имате слобода и да се чувствувате удобно, па поверојатно е да кажете „Да“.
Трикот „Да“
Оваа техника е всушност многу позната. Ако сакате некој да прифати нешто, прво поставете му две прашања за кои сте сигурни дека ќе добиете позитивен одговор, a потоа побарајте услуга.
Според психолозите, ние настојуваме да се држиме до нашите вредности и однесување и сакаме да им останеме посветени на работите. Па, поради ова, ќе одговарате потврдно на следните барања.
Ако забележите дека на неколку прашања по ред одговарате со „Да“, најверојатно сте паднале во замката.
Спирова С. | Црнобело