7 начини на кои другите ве тераат да правите што сакаат
Дали сте се нашле во ситуација да го купите 100-тиот пар чевли што не ви е ни потребен? А, дали некогаш сте се согласиле да помогнете некому, иако сте имале други планови?
Ова му се има случено на речиси секој, а причината е што понекогаш не ни сфаќаме колку често луѓето користат трикови за манипулација.
Доколку веќе не сакате да бидете контролирани од другите, добро е да знаете кои се најчестите „техники“ за манипулација:
Фрази како: „Но сите твои пријатели го прават тоа“
Постои цела наука за тоа како можете да натерате некого да купи нешто што не му треба.
Продавачите неретко обрнуваат внимание на изгледот и социјалната група на клиентот, за полесно да го убедат дека сите како него го купуваат тоа.
Токму на овој начин функционираат и промоциите на Instagram. Бидејќи воглавно следите луѓе кои се слични на вас или ви се допаѓаат, тие лесно можат да ве натераат да купите нешто.
Барање помала услуга
Кога некој го применува овој метод, прво ќе побара услуга од вас. Ако ја одбиете, ќе побара помала и навидум поедноставна услуга, па се зголемуваат шансите да прифатите.
На пример, ако некој сака да му позајмите 1000 денари, веројатно ќе му речете не. Но, ако потоа ви побара 200-300 денари, речиси сигурно ќе му ги дадете.
Создавање чувство на блискост
Едно истражување покажало дека луѓето повеќе би се согласиле да пополнат анкета, ако со неа доаѓа и рачно напишана порака со која барате помош.
Ова ја покажува важноста на создавањето чувство на блискост.
Па, кога некој продавач ќе ве праша како се викате, што работите или за кого купувате нешто, тој се обидува да се поврзи со вас, за полесно да ви продаде нешто.