3 промени кои ќе ви се случат кога ќе научите да бидете позитивно себични
Уморни сте од сé? Уморни сте од зафатеност, стрес и хаос? Не сте единствените, но веќе го знаете тоа. Она што можеби не го знаете е дека еден од најдобрите начини да се спасите од оваа ситуација е т.н. здрава себичност. Ова е единствениот вистински пат кон долгорочните промени што ги посакувате.
Од многуте заблуди поврзани со организирање на време, планирање и приоритети, една од најчестите е поврзана со односот со времето. Во желба да стигнат со сите обврски луѓето брзаат, а во бесконечните листи што треба да исполнат, тие честопати се ставаат себеси на последно место.
Поради ова зафатените луѓе често веруваат дека едноставно немаат доволно време, но тоа воопшто не е точно.
Што е здрава себичност?
Себичност или егоизам е негативен термин, т.е. особина според која личноста прави сè низ призма на сопствените интереси. Но здравата себичност не е ништо повеќе од поставување на здрави граници кон сопственото опкружување.
Три најдобри последици на здравата себичност се:
Полесно донесување одлуки
„Работите попаметно, а не повеќе“. Ова е еден од најдобрите описи за примена на здрава себичност во пракса. Тоа всушност значи дека треба да се елиминираат сите излишни обврски, без да се загрозат основните животни вредности.
Ако знаете каде се вашите здрави граници во однос на специфични ситуации и луѓе, лесно ќе сфатите што е неопходно и важно, а што е непотребно и небитно.
Самодоверба
Сознанието дека сте ги донеле најдобрите избори за себе, без да ги занемарите луѓето во вашиот живот, ќе ви дадат самодоверба и вера во сопствената проценка.
Поголема ефикасност
Донесување добри одлуки во вистинско време се тесно поврзани со вештини за одредување на приоритетите. Колку сте поуспешни во тоа, толку ќе бидат пореални вашите списоци на активности, а вашата посветеност кон активностите што ќе ги изберете ќе биде подобра.
Нема да размислувате „што ако“ или „можеби би било подобро“. Јасност во донесувањето одлуки ќе трае сè додека не ги завршите избраните задачи.
На вашето тело и ум му треба „гориво“ за сите работи што треба да ги издржите. Границите се единственото вистинско гориво за организација на времето.
Ако верувате дека е непристојно да се постават физички и ментални граници, никогаш нема да бидете доволно продуктивни, доволно корисни и доволно успешни. Напротив, во обидот да ги задоволите сите, ќе постигнувате сé помалку, ќе задоволите малкумина, а највисоката цена ќе ја платите вие самите.
Ашера | Црнобело
Би можело да ве интересира:





