Сте излегле ли некогаш сами?
Не е мал бројот на девојки кои непријатно се чувствуваат па дури и им е страв некаде да излезат сами, како да е тоа забрането или несоодветно. А, не е несоодветно...
...ако сакате некаде да излезете, а немате друштво, или едноставно сакате сами да излезете, нема никаква причина да не го направите тоа.
Ако жената сама отиде на пазар и влече тешки торби, тоа не е несоодветно.
Доколку таа постојано оди на родителски состаноци на своите деца, тоа не е несоодветно. Но, ако сама седне во ресторан, театар или кино?
Многу девојки се чувствуваат непријатно веќе и при самата помисла па затоа и не одат таму каде што би посакале да отидат, освен ако не најдат друштво.
Нема причина за тоа. Нема ништо лошо во тоа да отидете сами на театарска престава, балет, концерт, на изложба, во кино....
Сакате да јадете во ресторан или да испиете чаша вино? Не ви е неопходно друштво за тоа, ако го има добредојадено е, а ако не можете и сами.
Не морате де се претварате дека чекате некого, дека сте разочарани затоа што не дошол или да земете книга за да ви прави друштво. Не е срамота да излезете сами ако во тоа уживате.
Можеби некое време ќе се прашувате дали другите ве гледаат и ве сметаат за губитник, но со време ќе се навикнете. Можеби тоа чувство толку ќе ви се допадне што ќе посакате да излезете сами и кога би можеле со друштво.
Уживајте!