Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои се VSCO девојките?

Сигурно досега сте го забележале зборот VSCO на социјалните мрежи, но дали знаете што означува?

koi-se-vsco-devojkite-01.jpg

Името потекнува истоимената популарна апликација за уредување фотографии, а според Tubmlr, VSCO девојките се веќе најпопуларните девојки за 2019-та година.

Овие девојки ги разликува нивното однесување и начинот на којшто се облекуваат.

Американските медиуми веќе имаат и дефиниција за овие девојки. Наводно, тие носат шише за вода од брендот Hydro flask, носат „scrunchie“ стегачи за коса на зглобовите, кроп-топ маички или големи маици. Покрај тоа, имаат белегзии за пријателство, ѓердани од школки, возат скејтборд и на некој начин, живеат на плажа.

Ова е најверојатно целосната дефиниција за девојките кои моментално владеат со социјалните мрежи, а се целосна спротивност на она што беше популарно досега.

Нивниот стил е комбинација од модата од 90-тите и раните 2000-ти. Тие не носат многу шминка, а го сакаат опуштениот стил кога станува збор и за фризурата - нивната коса најчесто е пуштена и брановидна.

Често се спомнува и дека овие девојки се еколошки освестени личности

Некои сметаат дека овој нов тренд не е ништо посебно, бидејќи сите VSCO девојки имаат исти работи и изгледаат исто.

Иако името го добиваат од една апликација, тие објавуваат фотографии и видеа на сите платформи.

Според некои блогери, овие девојки изгледаат како да прават сè без многу труд. Постојано се возат во своите џипови, гледаат зајдисонца и се фотографираат со полароиди и фотоапарати за една употреба.

Воглавно, овие девојки се претставени како русокоси со бела кожа, кои имаат доволно пари да купат одредени предмети од одредени брендови.

Некои сметаат дека ова е дискриминирачко, бидејќи девојка од друга националност не би можела да се нарекува VSCO.

„Обично кога зборувате за VSCO девојки, воглавно се мисли за слаби девојки со бела кожа, кои имаат секакви брендирани работи. Значи, ова обично е поврзано со богатството“, смета една блогерка.

Што мислите вие за овој тренд?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg