Извор на желби

izvor-na-zelbi-povekjeШто ги движи нашите желби? Оние кои се тајни, или оние кои со некого сме ги споделиле или некои сосема трети? Секоја од нив мора да биде изградена во нас самите.

 

Дали желбата ја придвижува разумот или таа е последица на инстинктот?

izvor-na-zelbi

И дали само постоењето на желба е доволно во нас да разбуди љубопитност која подоцна ќе го трасира патот кон подлабоки чувства иако на почетокот ништо не оставало впечаток дека тоа нешто може да се случи?

Дали сме ние затвореници на сопствените желби и ако сме, дали самите во нив сме се затвориле или вината треба да ја побараме на некое друго место?

Постоењето на било каква желба може да направи нешто за што сме биле убедени дека ќе трае кратко, да прерасне во нешто потрајно и поцврсто. Тоа не мора да се однесува само на љубов и секс.

Желбата мора да постои и поради тоа што на некој начин не одржува во состојба на будност. Се додека има желба, има и надеж дека работите можат да се изменат.

Има надеж дека на себе си можеме повеќе да работиме, повеќе да вложуваме во својот живот и од него повеќе да очекуваме.

Ако одредена желба е искрена, без измислување, тогаш пред неа ќе паѓаат сите бариери, вклучувајќи ги и најголемите, оние кои се однесуваат на предрасудите.

Би можело да ве интересира:

Проблеми со кои ќе се соочите ако ѝ раскинете на нарцисоидна личност (низ илустрации) Може да станат бесчувствителни, да пробаат да ве врата со манипулација и да ви с...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Работи што ги прават луѓето кои ја проектираат својата несигурност на другите Ги исмејуваат другите, но и постојано се критикуваат себеси. Ги исмејуваат др...
Тротинети на аеродром, посебни панталони за хигиенски навики кај деца – Работи што ги има во светот,... Дали знаете дека во Холандија можете да си купите домашно млеко од „млекомат“? А...
Фотки за утеха: Луѓе кои имаат полоши колеги од вашите Колеги кои со автомобилот зафаќаат две паркинг места и колеги кои чекаат некој д...
Момци со брокула фризура, претерани филери и уште 11 трендови од последната декада што на луѓето им ... Дали во последниве години стана тренд да се остава бакшиш за секоја можна услуга...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg