7 прашања што треба да си ги поставите доколку сакате да успеете во животот
Ви се случува навистина да сакате одредена работа, но како нешто постојано да ви пречи на патот кон неа? Ако навистина сакате да бидете успешни, мора да копате малку подлабоко во своите мисли и ставови.
Со поставување на овие прашања, ќе си помогнете да ги разберете вашите предности и слабости.
Одговорите ќе ви помогнат да ги надминете сите улоги и пречки во животот и да се запознаете самите себе:
1. Која активност ве исполнува?
Обидете се да одговорите на ова прашање што е можно поскоро, бидејќи што подолго размислувате, толку повеќе ќе се оддалечите од она што ве исполнува и ве прави среќни.
Кога ќе го пронајдете одговорот, ќе пронајдете и инспирација за работа.
2. Ако врската или работата не ве прави среќни, дали останувате или заминувате?
Дали сте останале предолго време во врска или на работа што ве прави уморни или несреќни? Ако нешто ве прави несреќни, дали се сметате за силна или пасивна личност? Зошто убавите денови ги заменувате со стрес и тага?
Не се жртвувајте за нешто што не ве прави среќни или ве повредува.
3. Што ве спречува да ги оставите зад себе работите што ве прават несреќни?
Размислете за причините зошто останувате во ситуации што не ве прават среќни. Одговорот на ова прашање е пречката во вашиот пат до успех и првиот проблем што треба да го решите. Можеби еден разговор ќе го реши тој очигледен проблем.
4. Како би сакале другите да ве гледаат?
Одговарајќи на ова прашање, вие самите си помагате да станете личност која сакате да бидете. Замислете што би сакале другите да кажат за вас додека не сте со нив. Сакате да кажат неверојатни работи за вас, бидејќи вие сте неверојатна личност?
Па, тогаш бидете неверојатни.
5. Како мислите дека другите ве гледаат сега?
Ова прашање е значително поразлично од претходното. Не се прашувате како би сакале другите да ве гледаат, туку како другите навистина ве гледаат. Одговорот ќе ви помогне да се справите со вашите недостатоци и како да ги исправите вашите грешки.
6. Дали верувате дека судбината е веќе утврдена или вие ја создавате?
Она во што верувате има големо влијание врз вашиот став кон животот. Ако верувате дека судбината е однапред одредена, ќе прифатите неуспех како виша сила и нешто од што нема излез. Ако не верувате во судбина, ќе си дозволите чувство на вина.
Најдобриот баланс е помеѓу двете верувања. Мора да ги прифатите работите што се случуваат и да продолжите, но исто така да видите каде згрешивте за да не згрешите следен пат.
7. Според вас, што е смислата на животот?
Запрашајте се зошто сте тука, какво влијание имате врз луѓето и светот околу вас? Ова прашање ќе ви даде одговор што ќе ве натера да верувате дека секој е посебен на овој свет и дека светот не би бил ист без вас.
Ова ќе ве мотивира да се фокусирате на позитивните работи.
Ашера | Црнобело