Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


4 работи што лошо влијаат на вашата продуктивност

За да ги постигнете вашите цели, неопходно е да ја одржите вашата продуктивност. Тоа е првото и основно правило за успешен и среќен живот.

4 raboti sto loso vlijaat na vasata produktivnost 01

Дознајте кои 4 работи лошо влијаат на вашата продуктивност и како да ги избегнете...

Работи што им се важни на другите

Прв, и секако најзастапен начин на кој ја трошите вашата енергија, со што се намалува и вашата продуктивност, е што правите работи за други луѓе. Веројатно сте го правеле ова многу пати без да бидете свесни.

Помислете само на сите оние вечери што ги поминавте на места и со луѓе кои не ви се допаѓаат, а се согласивте само затоа што „така треба“ или „ќе бидам добар пријател“.

За да избегнете вакви ситуации, поставете ги вашите цели јасно и секогаш нека ви бидат во центарот на вниманието. Следниот пат кога се прашувате дали треба да направите нешто што не сакате да го направите, помислете на овие цели.

Експертите советуваат да одберете три главни цели - лични, професионални и една фокусирана на односите со другите.

4 raboti sto loso vlijaat na vasata produktivnost 02

Мултитаскинг

На англиски јазик, именката мултитаскинг означува можност за извршување на повеќе задачи во исто време. Сите знаеме дека е тешко да се постигнат премногу големи цели во исто време, а истото важи и за продуктивноста.

Дури и кога добивате важна порака не мора да значи дека е поважна од она што го правите во тој момент. Само отворањето и читањето на истата ќе ви одземе неколку минути, а исто така, ќе ви ја уништи концентрацијата и фокусот.

Експертите велат дека просечното време што ви е потребно за повторно да се фокусирате на првобитната задача е 23 минути. Затоа, пред да започнете со работата, исклучете ги сите нотификации што можат да влијаат на вашата концентрација и користете паузи за да одговорите на нив.

Достапност

Колку пати сте сакале да одговорите на повик, иако сте биле среде работа, бидејќи мислевте дека некој навистина ве треба? Веројатно барем еднаш неделно.

Се разбира, понекогаш има навистина итни повици на кои треба да одговорите, но истражувањата покажаа дека 9 од 10 повици што ги примате не се многу важни.

Проблемот со достапноста е што луѓето се навикнуваат на истата. Ако ви се навистина пријатели ќе разберат кога нема да се јавите и ќе го почитуваат вашето време и обврски.

4 raboti sto loso vlijaat na vasata produktivnost 03

Физички изглед

Ова најмногу се однесува на жени кои посветуваат многу време на нивниот физички изглед, додека мажите генерално не размислуваат за овие работи.

Поточно, друга работа што негативно влијае на вашата продуктивност е размислувањето за вашиот физички изглед - како изгледате, дали сте облечени соодветно, дали ви е добра фризурата...?

За да се ослободите од непотребното размислување за вашиот изглед, фокусирајте се само на она што го правите.  Почитта се стекнува врз основа на вашиот труд и работа, а не вашиот изглед.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи од кои жените се згрозуваат кога ќе влезат во стан на некој маж Обвивки од искористени кондоми. Фрижидер преполн со алкохол, без воопшто храна в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg