Сиеста - Oд каде потекнува и зошто некои земји ја практикуваат оваа традиција?
Дали сакате да дремете секое попладне? Ако вашиот одговор е „да“, можеби е време да се преселите во Шпанија или да поминете барем некое време таму, каде што сиеста, односно попладневно одмарање, е добро позната традиција.
Но од каде потекнува оваа традиција и зошто некои земји имаат сиеста?
Што е точно сиeста?
Сигурно сте го чуле терминот „сиеста“ и знаете дека означува одмор, но ајде да бидеме малку попрецизни. Сиеста е време на спиење после пладне. Варира во времетраење, па некои одмараат од 10 до 20 минути, додека другите одмараат 2 часа.
Шпанските научници објавиле дека сиеста до 30 минути има позитивен ефект врз кардиоваскуларниот систем, концентрацијата и намалувањето на стресот.
Зошто сиеста?
Сиеста е најпопуларна во топлите земји. Поточно, во топлите земји луѓето почесто одмараат после оброкот, поради големите горештини. Покрај тоа, во земјите во кои доминира овој систем, ручекот е главен оброк.
Самиот термин е преземен од латински збор што значи „шести час“. Имено, доколку вашиот ден започнува во 6 часот наутро, тогаш вашиот шести час е пладне!
Земјите кои се придржуваат кон овој прекрасен обичај
Во Костарика, на туристите им се советува да не ги посетуваат музеите и продавниците во раните попладневни часови, бидејќи голем дел од нив нема да работат, со оглед дека е време за одмор.
Но не мора да одиме толку далеку, бидејќи сиеста е присутна и во Италија. Многу институции, особено угостителските установи, попладне одмараат и ги затвораат своите продавници.
Кралевите на сиеста се, секако, Шпанците, кои оваа традиција ја сфаќаат доста сериозно. Не само што се практикува во Шпанија, туку успешно ја пренеле и во Мексико и на Филипините.
Ашера | Црнобело