Бонтон правила кои им се наложени на кралските членови, но секој човек треба да ги следи
Размислете пред да кажете нешто
Постојат многу зборови што членовите на кралското семејство не ги изговараат. Тие секогаш зборуваат внимателно и со цел.
Можеби изгледа невозможно да го правите ова постојано, но сепак обидете се да обрнете внимание на зборовите што излегуваат од вашата уста.
Она што го кажувате има огромно влијание врз мислењето на другите за вас, па бидете внимателни.
Правилно користете го приборот за јадење
Речиси и да не размислуваме како го држиме приборот и како јадеме. Но барем денес, обидете се да обрнете внимание на ова.
Правилно држете го приборот за јадење и немојте да го менувате од една во друга рака. Ова е уште поважно доколку сте на некоја важна вечера или забава.
Напуштете ја масата без врева
Немојте да мислите дека треба да им објаснувате на сите зошто станувате од масата. Без разлика со кој сте, извинете се и не споделувајте многу детали.
Превиткајте го шамивчето на половина
Кралското семејство има одличен трик што го спречува валкањето со храна. Кога ќе го превиткате шамивчето на половина, можете да ја избришете устата со внатрешната страна, а надворешната ќе остане чиста.
Ракувајте се
Ракувањето има големо влијание врз првиот впечаток, па зошто да не се ракувате како член на кралското семејство?
Кога се ракувате, секогаш гледајте ја другата личност во очи. Фатете ја за рака цврсто, но не грубо.
Во спротивно, можете да изгледате незаинтересирано или арогантно.
Спирова С. | Црнобело