Бонтон правила кои им се наложени на кралските членови, но секој човек треба да ги следи

Членовите на кралското семејство се секогаш „под лупа“, па мораат да внимаваат на сè што прават.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-kralskoto-semejstvo-shto-sekoj-treba-da-gi-sledi-01.jpg

И жените и мажите од кралските семејства секогаш изгледаат совршено и, без сомнение, ги имаат најдобрите манири во секоја ситуација.

Доколку и вие сакате да се однесувате и да се чувствувате како член на кралското семејство, тогаш пробајте да ги следите нивните правила за однесување.

Облекувајте се соодветно

Воопшто нема потреба да купувате дизајнерска облека за да изгледате како член на кралското семејство. Единственото правило што треба да го следите е да се облекувате соодветно.

Ова значи, чувајте ги тренерките за вежбање и за по дома.

Иако повеќето луѓе сакаат да носат удобна облека, кога имате некој важен настан, облечете се соодветно. На овој начин ќе покажете почит и кон вас, и кон другите.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-kralskoto-semejstvo-shto-sekoj-treba-da-gi-sledi-02.jpg

Покријте се

Кога принцезата Дијана излегувала од автомобил, секогаш ја користела нејзината чанта за да се скрие од папараците.

Можеби вие не треба да се грижите за срамна фотографија од папараци, но кога сте на работа или на некој важен настан, облечете подолго здолниште и блуза со повисока јака.

Ова ќе направи да изгледате како вистинска дама.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-kralskoto-semejstvo-shto-sekoj-treba-da-gi-sledi-03.jpg

Седете како член на кралското семејство

Доколку обрнете внимание, ќе забележите дека ниту една жена од кралското семејство не седи со прекрстени нозе.

Овие жени седат со споени нозе и глуждови, а понекогаш го прекрстуваат само долниот дел од нозете. Овој начин на седење ќе ви помогне да ги избегнете незгодите (доколку носите фустан), а ќе направи вашите нозе да изгледаат подолги.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-kralskoto-semejstvo-shto-sekoj-treba-da-gi-sledi-04.jpg

Одбирајте неутрална боја на лак за нокти

Светлите и темните лакови за нокти се одлични за забави и викенд настани. Но, дамите од кралското семејство речиси секогаш се лакирани со неутрална боја.

На овој начин, нивните дланки изгледаат елегантно и не привлекуваат внимание. Покрај тоа, несовршеностите на неутралниот лак се познаваат помалку.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-kralskoto-semejstvo-shto-sekoj-treba-da-gi-sledi-05.jpg

Внимавајте на здолништето

Иако можеби кратките здолништа се во сите модни списанија, не значи дека треба да ги носите насекаде.

На пример, кралицата секогаш одбира здолништа до колената.

Вие одберете ја должината што прави да се чувствувате најудобно. Истовремено, внимавајте должината на здолништето да биде соодветна со настанот.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-kralskoto-semejstvo-shto-sekoj-treba-da-gi-sledi-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите? Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фо...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg