Зошто во некои земји луѓето возат од левата страна?
Како и со сè останато, постои многу јасно објаснување зошто луѓето, во некои земји, возат од левата страна на улицата, но за да стигнеме до овој одговор треба да пребаруваме низ историјата.
Откако ќе го разберете ова, ќе можете да се правите важни, кога во некоја неважна дебата ќе објаснувате зошто во некои делови на планетата се вози од левата страна на улицата.
На жителите на државите, каде се вози од десната страна, ова обично предизвикува збунетост. Но ќе ве изненади кога ќе чуете дека порано тоа било стандардот.
Како што нè учи историјата, возење од левата страна датира од античкиот Рим. Причината е едноставна - кога луѓето патувале со коњи, нападите и насилството биле вообичаени.
Бидејќи повеќето луѓе пишуваат со десна рака, тие секогаш се држеле на левата страна, така што, во случај на напад, би можеле да се одбранат со десната рака. Исто така, мечот обично се држел на левата нога, па било полесно да се извлече.
Како започна да се вози од десната страна?
Со доаѓање на кочија, односно нивната почеста употреба, возачот обично седел од левата страна, за да може полесно да ги контролира коњите со десната рака.
Втората теорија доаѓа од Франција. Таму било обичај селаните да поминуваат од десната страна на улицата, а аристократија од левата. Но по Француската револуција, аристократите кои се спасиле од гилотина, логично, се држеле кон десната страна.
Подоцна, овој обичај се проширил и во другите европски земји, но не и во Велика Британија.
Кој друг вози од левата страна?
Речиси сите поранешни британски колонии. Во 1835 година, Британците донеле закон со кој се прогласува законски да се вози од левата страна. Законот траел долго време, па кога колониите се стекнале со независност, продолжиле да возат од левата страна.
Така, денес на овој начин возат во Јужноафриканска Република, Индија, Австралија. На овој начин возат и во Јапонија, која никогаш не била британска колонија, но оваа приказна, исто така, има врска со Британците.
Поточно, во 19 век, при дизајнирањето на голема железничка мрежа, на Јапонците им помагале британските инженери. Јасно е дека целиот систем е изграден на начин сите возовите да минуваат од левата страна, па сообраќајот морал да се адаптира на тоа.
Ашера | Црнобело