Промени кои ќе ви се случат кога ќе наполните 30 години

Патувањето ќе ве исполнува повеќе

Според едно истражување, луѓето вистински почнуваат да уживаат во одморите кога ќе наполнат 31 година. Причината е тоа што на оваа возраст, фокусот не им е во забавите и излегувањето, туку во значајните искуства.

Ова не значи дека во 30-тите ќе го изгубите авантуристичкиот дух. Сепак, ќе имате повеќе пари за патување и ќе можете да правите повеќе работи што ги сакате

profesionalen-uspeh-i-vistinska-srekja-promeni-shto-mozhete-da-gi-ochekuvate-posle-30-tata-07.jpg

Вашиот метаболизам ќе забави

Едно истражување покажало дека во 30-тите имате помали шанси да се здебелите.

Просечната личност се здебелува од 500 грама, до 1 килограм годишно, но ова најчесто се случува во раните 20-ти. После 30-тата, овој број се намалува, што значи можете да ја задржите вашата фигура, дури и после 30 години.

profesionalen-uspeh-i-vistinska-srekja-promeni-shto-mozhete-da-gi-ochekuvate-posle-30-tata-08 (1).jpg

Ќе можете да ја искористите вашата интелигенција до максимум

Некои од најголемите откритија биле направени од 30-годишници. Ова е период кога вашиот мозок е во одлична форма, а дополнително се развива и вашата креативност.

Причината е што до 30-тата ќе имате собрано многу информации и искуства и ќе знаете како да ги искористите.

profesionalen-uspeh-i-vistinska-srekja-promeni-shto-mozhete-da-gi-ochekuvate-posle-30-tata-09.jpg

Можни се промени во менструалниот циклус

Жените можат да почнат да забележуваат промени во менструалниот циклус уште на 30-годишна возраст.

Кога ќе наполните 30, нивото на естроген и прогестерон во телото се намалува. Истовремено, вашата менструација може да трае подолго или пократко и да започнува порано или подоцна.

profesionalen-uspeh-i-vistinska-srekja-promeni-shto-mozhete-da-gi-ochekuvate-posle-30-tata-10.jpg

Ќе се намали производството на колаген

Колагенот е супстанца што ѝ ја дава еластичноста на кожата. Со стареењето, количеството на колаген во организмот се намалува, па на кожата почнуваат да се појавуваат брчки и други знаци на стареење.

profesionalen-uspeh-i-vistinska-srekja-promeni-shto-mozhete-da-gi-ochekuvate-posle-30-tata-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg