Зошто не треба претерано да се грижите за другите и да им угодувате на сите?
Луѓето се практично програмирани да се грижат едни за други. Желбата да ги заштитиме најблиските е скриена во нашите гени. Грижата ни носи доверба, блискост, усовршување на вештини за тимска работа, адаптирање…
Но што се случува ако грижата за другите целосно ја потиснува грижата за себе? Во оваа ситуација, реалноста на другата личност станува наша реалност, започнуваме да го живееме нејзиниот живот наместо нашиот.
Опасноста од длабока емпатија започнува од моментот кога почнуваме да ги игнорираме сопствените потреби. Толку се фокусираме на другите што целосно забораваме на самите себе.
Ова се последиците од ваквото однесување:
Намалена емпатија
Се работи за емоционална исцрпеност што произлегува од страдања на други луѓе. Може да биде предизвикана од само еден настан, што му се случил на некој, но состојбата може да се влоши со текот на времето.
Науката докажува дека дури и само набљудување на туѓи проблеми може да предизвика многу стрес.
Ако го игнорирате ова моќно влијание и не преземате ништо за да се заштитите, со текот на времето ќе ги промените вашите гледишта, нема да можете да ги контролирате емоциите, вашите когнитивни способности ќе ослабнат и ќе имате проблеми со спиење.
Секундарна траума
Кога премногу се грижиме за другите луѓе, практично стануваме „заразени“ од нивниот стрес, но уште полошо е што несвесно ја преземаме болката што ја носи лицето. Секундарната траума е психолошка последица предизвикана од мешање во туѓи проблеми и тешки искуства.
Се разбира, се мешаме со најдобри намери, и не забележуваме дека ова нè води кон намален капацитет за сочувство. Со тек на време, заради туѓите искуства, почнуваме да страдаме од кошмари, преголеми возбудувања, преголема загриженост…
Прегорување
Понекогаш се грижиме, не само за луѓето, туку и за нешта како што е работата и кариерата. За овие работи се грижиме повеќе отколку за сопственото здравје! Со текот на времето, стресот од прекумерно загрижување ќе доведе до „прегорување“.
Во таквите моменти ни станува тешко да работиме и не сме задоволни од ништо. Сето ова може да се избегне ако навреме почнете да се грижите за себе. Мора да бидете подготвени да насочите, барем дел од енергијата што ја насочувате кон другите, кон себе.
Грижата за себе не е тренд, туку важен процес со кој се заштитуваме себеси, нашето ментално и физичко здравје, затоа што прекумерната грижа за другите навистина има последици.
Ова не значи дека треба да престанете да се грижите за другите луѓе, сè што треба да направите е да се грижите за себе и да се сакате себеси!
Ашера | Црнобело