Бонтон правила на кои вашата баба би се гордеела да ги знаете
Тргнете ги очилата за сонце и слушалките кога зборувате со некого
Важно е да покажете почит кон соговорникот, а тоа е невозможно ако го гледате преку очила за сонце или ако додека зборува вие имате слушалки во ушите.
Не одете на гости или забава со празни раце
Секогаш е добро да го испочитувате домаќинот како што тоа го правеле постарите отсекогаш. Независно дали одите на ручек кај некого или на забава секогаш однесете подарок или шише вино/благо за да ги покажете вашите добри манири.
Ако доцните, не го фаќајте најдоброто место
Независно дали сте задоцниле на вежбање, на предавање или во кино, некултурно е да доаѓате подоцна, да правите врева и уште да го фатите најдоброто место.
Не го сечкајте јадењето однапред
Иако можеби ви е полесно прво да си го исечете цело парче на залчиња, сепак оставате впечаток дека брзате некаде и се обидувате побрзо да изедете. Уживајте во оброкот и сечете го секое парче пред да го изедете.
М. М. | Црнобело