Трикови за самодоверба: Кога верувате во себе, сè во животот се менува на подобро

Секој од нас барем еднаш се нашол во ситуација кога не бил баш сигурен во себе. Дланките ни се потеа, срцето ни чукаше, можеби бевме целосно парализирани, а можеби мислевме дека нешто не е во ред со нас или дека не сме способни за ништо. 

Trikovi za samodoverba Koga veruvate vo sebe 01

Знаеме како едно такво чувство, или верување, може да нè блокира и да нè спречи да бидеме она што сакаме да бидеме.

Ова се неколку трикови за самодоберба кои треба да ги искористите:

Никогаш не ја мешајте меморијата со фактите

Во нашата меморија, информациите се чуваат онака како што ни е најзгодно, како ни е најлогично,  а не точно како што ни е пренесено. Затоа често се случува различните луѓе да имаат различни ставови за исти работи или ситуации.

Како ги чуваме тие информации во голема мерка зависи од нашиот личен систем на верување и вреднување, како и од сликата што ја имаме за нас самите.

Ова ни овозможува да ги заштитиме нашите мозоци од преоптоварување со информации, но ако нашата самодоверба е ниска, тогаш информациите што ги добиваме ќе бидат пренесени преку сопствените „филтри“.

Ова ќе резултира со зајакнување на веќе ниското ниво на самодоверба.

За да избегнеме такво нешто, треба да го одделиме она што навистина се случило од нашето убедување. Некој од страната, кој може да ни даде поинаква перспектива за настанот, исто така може да ни помогне.

Trikovi za samodoverba Koga veruvate vo sebe 02

Разговарајте сами со себе

Ова може некому да изгледа потполно глупо, но корисно е. Зборувањето со себе може да нè направи попаметни, може да ја подобри нашата меморија и да ни помогне да се фокусираме.

Важно е да бидеме позитивни, затоа што начинот на кој разговараме сами со себе зависи од начинот на кој размислуваме.

Бидете љубопитни

Љубопитноста е важен дел од довербата и успехот. Всушност, тоа е камен темелник на целиот раст и развој во животот. Љубопитноста ни овозможува да научиме нови работи и според тоа да го прошириме нашиот ум.

Затоа е добро и корисно да најдеме нешто што ќе ни овозможи да стекнеме ново искуство и да откриеме нови информации.

Како да бидете љубопитни? Лесно, поставувајте прашања. Со поставување прашања го активираме нашиот ум и се отвораме кон нови светови и можности.

Trikovi za samodoverba Koga veruvate vo sebe 03

Надминете ги сомнежите

Ако немате доверба, секогаш ќе имате чувство дека другите луѓе да ве жалат. Кога сте жртва, вие сте имуни на пречките со кои се соочувате, а кои се неизбежни во животот.

Понекогаш се соочуваме со ситуации кои не се ниту пријатни, ниту лесни, но ако се сомневаме во самите себе, ќе ни биде уште потешко. Од друга страна, ако веруваме во себе, пречките со кои ќе се соочуваме веќе нема да изгледаат толку застрашувачко или непремостливо.

Соочете се со вашите стравови

Кога чувствуваме како да држиме сè под контрола, не постои страв. Меѓутоа, кога ќе изгубиме чувство на контрола, не сме во состојба да размислуваме јасно и рационално. Затоа поголем дел од нашите стравови се ирационални.

За да се справите со стравовите и да се ослободите од нив, треба прво да размислите за нив, да видите кој страв е најголем и најсилен. Кога ќе го дознаете одговорот, запрашајте се што е најлошото што може да ви се случи ако стравот се оствари?

Фокусирајте се на дишењето, а потоа опуштите го телото со секое ново издишување. Тоа е добар начин да се справиме со стравовите.

И запомнете, ако не верувате во себе, кој ќе верува во вас?

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg