Atomic Energy Lab Kit - Најопасната играчка во светот
Играчката Atomic Energy Lab Kit им овозможувала на децата да набљудуваат вистинска нуклеарна фисија, од удобноста на нивниот дом.
Нo, колку возбудливо и да звучи ова, играчката била радиоактивна поради ураниумот што го содржела. За среќа, овој сет бил достапен на пазарот само неколку години.
Во средината на 20-тиот век, атомската енергија доживеала вистински бум. Компанијата A. C. Gilbert решила да го искористи ова, па во 1950-та година направилe играчка со која секој можел да си направи нуклеарна лабораторија во својот дом.
Сетот за деца содржел 150 различни експерименти, вклучувајќи и неколку видови ураниум, коj е клучнaта состојки за нуклеарна бомба. Со играчката доаѓал и прирачник, па дури и образец за порачување резервни радиоактивни извори.
Во одбрана на компанијата, играчката не била толку опасна колку што звучи. Иако радијацијата е лоша, радиоактивните материјали во сетот биле релативно безбедни. Всушност, тие зрачеле исто радијација колку што би добиле и од УВ зраците на сонцето.
Сепак, прирачникот не ги предупредувал децата да не ги отвораат заштитните садови, со што радијацијата ќе се разнесе низ домот.
Но, сетот можел да предизвика и изгореници како оние од сонце, доколку го држите премногу долго.
Веројатно поголем проблем кај играчката била нејзината цена. Кога се појавила на пазарот, играчката чинела 50 долари. Кога цената ќе се прилагоди со инфлацијата, играчката чинела 500 денешни долари.
После само две години на пазарот, играчката била тргната, но во тоа време биле продадени дури 5.000 примероци.
Денес овие сетови се за колекционери, најмногу поради нивниот мал број. Можете да ги најдете и на интернет, по цена од околу 2.000 долари.
Спирова С. | Црнобело