Не се извинуваат, измислуваат проблеми - Како да ги препознаете луѓето од кои треба да бегате?

Измислување проблеми

Неретко токсичните личности смислуваат негативни сценарија, а ова, се разбира, им го расипува расположението. Проблемот е што речиси секогаш ќе се обидат и вам да ви го направат истото.

Во овие ситуации најдобро е да не започнувате конфликти, да не слушате и да не се обидувате да се одбраните и воопшто не обидувајте се да докажете дека сте во право.

kako-da-gi-prepoznaete-i-kako-da-se-spravite-so-manipulativnite-lugje-05.jpg

Јавување и плачење

Сите си имаме лоши денови, но кога тоа ќе стане навика, станува и токсично.

Воопшто не е лесно да се справите со личност која ви се јавува секој ден и само ви се жали.

Во овие ситуации поставете строги граници и избегнувајте ја личноста. Истовремено, не обидувајте си да си објасните зошто таа личност е секогаш негативна и побарајте позитивно влијание од некој друг.

kako-da-gi-prepoznaete-i-kako-da-se-spravite-so-manipulativnite-lugje-06.jpg

Не прифаќаат „Не“ за одговор

Понекогаш може да биде навистина страшно да одбиете токсична личност.

Ако имате искуство, знаете дека веднаш ќе почне да ве манипулира за да го добие она што го сака. Причината за ова е тоа што токсичните луѓе не сфаќаат дека другите си имаат свои граници.

Во овие ситуации држете се до вашиот одговор, особено ако знаете дека не можете да исполните ветување. Исто така, одбивањето не треба да прави да се чувствувате виновно бидејќи не ѝ должите ништо на таа личност.

kako-da-gi-prepoznaete-i-kako-da-se-spravite-so-manipulativnite-lugje-07.jpg

Вашиот успех е тортура за нив

Дали ви се случило да се пофалите за вашиот успех на некој, но наместо поддршка, да ве пречека огорченост?

Без разлика дали оваа личност е пријател, роднина или партнер, оваа реакција сигурно ќе ве повреди.

Во овој случај, најдобро е да ја избегнувате личноста и да не ги споделувате вашите радости со неа.

kako-da-gi-prepoznaete-i-kako-da-se-spravite-so-manipulativnite-lugje-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg