Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не се извинуваат, измислуваат проблеми - Како да ги препознаете луѓето од кои треба да бегате?

Знаевте ли дека науката веќе докажа дека хроничната негативност може буквално да ве убие?

kako-da-gi-prepoznaete-i-kako-da-se-spravite-so-manipulativnite-lugje-01.jpg

Луѓето кои сакаат драми и расправии можат целосно да го уништат вашиот живот.

Сите се имаме соочено со токсична личност која ја „цеди“ нашата енергија. Кога сте во близина на ваква личност, сигурно имате забележано дека почнувате да се чувствувате преморено и немате сила за ништо.

За среќа, постои начин да ги препознаете овие токсични луѓе и да се заштитите од нив.

Ова се најчестите навики на токсичните луѓе на кои треба да обрнете внимание:

Манипулација и контрола

Манипулативните луѓе не се грижат за вашите чувства, без разлика колку ви изгледа така. Тие ја користат манипулацијата како оружје за да го добијат она што го сакаат.

Доколку личноста ги извртува вашите зборови, прави да се чувствувате налудничаво, глуми жртва, се однесува агресивно или ви се заканува, тогаш се обидува да ве манипулира.

kako-da-gi-prepoznaete-i-kako-da-se-spravite-so-manipulativnite-lugje-02.jpg

Не се извинуваат

Токсичните личности никогаш нема да ја признаат нивната вина. Кога ќе се соочите со нив, најчесто ќе почнат да се бранат наместо да ви се извинат.

Зад ова има неколку причини. На пример, тие го гледаат извинувањето како закана за нивната самодоверба. Потоа, срамот е нешто што воопшто не можат да го поднесат. И најчесто, токсичните луѓе не сакаат да преземат никаква одговорност за нивните постапки.

kako-da-gi-prepoznaete-i-kako-da-se-spravite-so-manipulativnite-lugje-03.jpg

Проектирање на нивните чувства врз вас

Токсичните луѓе сакаат да ги проектираат нивните чувства врз другите. Дури и кога нешто нема никаква врска со вас, тие можат да направат да се чувствувате лошо поради нивното негативно размислување.

На пример, доколку некоја токсична личност забележи дека се насмевнувате, веднаш ќе помисли дека ѝ се смеете неа. 

Во овие ситуации, доколку не ја познавате личноста, едноставно држете се понастрана од неа. Доколку пак, станува збор за ваш пријател, покажете разбирање, но не навлегувајте премногу во темата.

kako-da-gi-prepoznaete-i-kako-da-se-spravite-so-manipulativnite-lugje-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
11 знаци дека сте наивна личност (карактеристиката број 7 ја имаат многу Македонци) Број 1: Имате преголема доверба во авторитетите – и сè што ќе ви кажат го правит...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg