Никогаш во животот не е доцна за овие 5 работи
Луѓето обично размислуваат за животните одлуки околу нивните родендени. Ова е време на интроспекција и преиспитување на сите одлуки.
Без оглед на вашиот роденден или новогодишните резолуции, секогаш постојат работи за кои никогаш не е доцна.
Следниве примери можат да ви послужат како потсетник на тоа што е навистина важно:
Не треба да се лутиме долго време
Поетите и филозофите велат дека простувањето е дар што си го даваме на себеси. Лекарите велат дека истото доведува до помалку вознемиреност, депресија и подобар имунитет.
Сфатете дека ништо не е вредно долго време да се лутите и да трошите енергија на истото.
Никогаш не е доцна да кажете „извини“
Никогаш не е доцна да кажете дека ви е жал, ако навистина тоа го мислите. Размислете која е главната причина за вашето извинување.
Дали го правите тоа за да се чувствувате подобро, да го поправите нарушениот однос или бидејќи чувствувате лична, морална обврска да се извините за вашата грешка?
Научете да свирите инструмент
Никогаш не е доцна да научите да свирите инструмент. Еден час неделно е доволно време да ги научите основите.
Свирењето го вежба мозокот, ја подобрува меморијата, а може да помогне и во спречување на деменција.
Научете нов јазик
Постарите студенти можеби ќе треба да работат понапорно за да ги совладаат акцентите, но го учат вокабуларот полесно од помладите.
Двојазичноста дури може да ја одложи деменцијата за 4,5 години.
Преселете се во нов град
Луѓето ги менуваат градовите многу често, ова особено важи за милениумците. Не се плашете од промени и нови работи. Истите, всушност, можат да бидат интересни.
Ашера | Црнобело