3 причини зошто толку многу млади луѓе се под стрес и депресивни
Се чини дека каде и да се свртите, луѓето околу вас се под стрес. Многумина од нив паѓаат во депресија – ментална состојба која била непозната именка за нашите баби и дедовци, а се среќава толку често денес.
Но, дали навистина е така? Можеби луѓето пред 50 или 75 години едноставно не ја препознавале депресијата во нејзината вистинска форма, не разговарале за неа, ниту пак барале некакво решение.
Сосема веројатно е дека луѓето денеска полесно ја препознаваат депресијата, но се и многу поотворени да признаат дека се борат со неа, како и да побараат помош.
Понекогаш ни изгледа дека секој втор се бори со депресијата и е под стрес. Кои се главните три причини поради кои толку многу млади луѓе се депресивни?
1. Врските со партнерите, како и оние со заедницата и семејството се послаби за разлика од минатото и не им се обрнува премногу внимание.
2. Многу повеќе сме фокусирани на остварување цели по секоја цена, како повеќе пари, слава и одржување на имиџот во јавноста, кое е во директна корелација во анксиозноста и депресијата.
3. Нашите очекувања се превисоки, многу веројатно поради мантрата која постојано ја повторуваме „можеш да бидеш сè што посакаш“ и позитивни афирмации кои постојано ги преџвакуваме и повторуваме додека не се премориме.
Секако дека постојат и многу други причини. Развојот на технологијата игра исто така огромна улога, како и рецесијата. Се чини дека толку многу работи во културата ги прават луѓето несреќни.
Што мислите вие? Кои се останатите и дали може да сториме нешто во врска со тоа?
(О)Милена | Црнобело