Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Случајни грешки што завршиле како идеи вредни милиони

Пластелин

Речиси и да нема да дете што не си играло со пластелин. Но знаевте ли дека пластелинот воопшто не бил наменет како играчка?

Џозеф и Ноа Меквикер измислиле чистач за ѕидови во 1955-та година. Овој продукт бил навистина корисен кога домовите се грееле со јаглен. Но откако топлењето на гас станало популарно, потребата за продуктот се намалила.

Тогаш Џозеф разбрал дека децата на училиште користат глина за моделирање, па веднаш добил нова идеја за неговиот продукт. Џозеф и Ноа го продале тајниот рецепт, а останатото е историја.

sluchajni-greshki-shto-zavrshile-kako-idei-vredi-milioni-05.jpg

Чипс

Знаевте ли дека чипсот е всушност направен за одмазда? Џорџ Крам бил готвач во ресторанот Moon’s Lake House и се справувал со муштерија кој тврдел дека неговиот помфрит не е доволно тенок.

Тогаш Џорџ решил да ги исечи компирите на тенки парчиња за да се шегува со муштеријата. Но, новиот помфрит му се допаднал, па чипсот станал еден од омилените оброци.

За жал, Џорџ не ја патентирал својата идеја, па и другите ресторани и компании почнале да го продаваат неговиот изум.

sluchajni-greshki-shto-zavrshile-kako-idei-vredi-milioni-06.jpg

Житарици

Во 1894-та година, доктор Џон Харви Келог и неговиот брат Вил Кит Келог сакале да направат здрав вегетаријански оброк за пациентите. Вил оставил пченица да врие, и сосема заборавил на неа. Кога ја проверил подоцна, забележал дека е стврдната.

Браќата не сакале да ја фрлат, па решиле да направат тесто. Тестото се разделило на мали парчиња, па браќата решиле да го стават во рерна. Крајниот резултат бил вистински хит помеѓу пациентите, а житариците брзо се прославиле

sluchajni-greshki-shto-zavrshile-kako-idei-vredi-milioni-07.jpg

Корнет за сладолед

Во 1904-та година, Ернест А. Хамви забележал дека еден продавач на сладолед немал во што да го служи сладоледот. Тој му предложил да користи вафли завиткани како конус. Идејата била толку добра, што неколку години подоцна, тој ја лансирал компанијата Western Cone.

sluchajni-greshki-shto-zavrshile-kako-idei-vredi-milioni-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 парчиња накит кои би посакале да ги имаат дури и оние со многу пари и богатство „Знам, звучи бизарно, но приврзокот го направив од коската на моето куче, на кое...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Брат му на Доналд Трамп и уште 4 богати наследници кои завршија неславно и трагично Брат му на Доналд Трамп, син му на Џон Ф. Кенеди, но и синот на основачот на хот...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg