Случајни грешки што завршиле како идеи вредни милиони
Пластелин
Речиси и да нема да дете што не си играло со пластелин. Но знаевте ли дека пластелинот воопшто не бил наменет како играчка?
Џозеф и Ноа Меквикер измислиле чистач за ѕидови во 1955-та година. Овој продукт бил навистина корисен кога домовите се грееле со јаглен. Но откако топлењето на гас станало популарно, потребата за продуктот се намалила.
Тогаш Џозеф разбрал дека децата на училиште користат глина за моделирање, па веднаш добил нова идеја за неговиот продукт. Џозеф и Ноа го продале тајниот рецепт, а останатото е историја.
Чипс
Знаевте ли дека чипсот е всушност направен за одмазда? Џорџ Крам бил готвач во ресторанот Moon’s Lake House и се справувал со муштерија кој тврдел дека неговиот помфрит не е доволно тенок.
Тогаш Џорџ решил да ги исечи компирите на тенки парчиња за да се шегува со муштеријата. Но, новиот помфрит му се допаднал, па чипсот станал еден од омилените оброци.
За жал, Џорџ не ја патентирал својата идеја, па и другите ресторани и компании почнале да го продаваат неговиот изум.
Житарици
Во 1894-та година, доктор Џон Харви Келог и неговиот брат Вил Кит Келог сакале да направат здрав вегетаријански оброк за пациентите. Вил оставил пченица да врие, и сосема заборавил на неа. Кога ја проверил подоцна, забележал дека е стврдната.
Браќата не сакале да ја фрлат, па решиле да направат тесто. Тестото се разделило на мали парчиња, па браќата решиле да го стават во рерна. Крајниот резултат бил вистински хит помеѓу пациентите, а житариците брзо се прославиле
Корнет за сладолед
Во 1904-та година, Ернест А. Хамви забележал дека еден продавач на сладолед немал во што да го служи сладоледот. Тој му предложил да користи вафли завиткани како конус. Идејата била толку добра, што неколку години подоцна, тој ја лансирал компанијата Western Cone.
Спирова С. | Црнобело