Случајни грешки што завршиле како идеи вредни милиони
Секој ден користиме безброј производи што навистина ни го олеснуваат животот. Но, ретко кога помислуваме како некој добил идеја за овие предмети и продукти.
Интересно е што иако повеќето изуми се резултат од години работа, постојат и оние кои настанале поради грешка или чиста случајност.
Погледнете ги 7-те грешки што завршиле како милионски идеи:
Играчката „слинки“
Личноста која стои зад оваа играчка е машинскиот инженер Ричард Џејмс. Ричард сакал да се осигури дека кршливата опрема што ја транспортирале со брод нема да мрда за време на патувањето. Тој имал направено неколку прототипови, а кога еден од нив му паднал на подот, добил навистина интересна идеја.
Џејмс поминал две години усовршувајќи го дизајнот за играчката, а името го предложила неговата сопруга – слинки значи „грациозно“ на шведски.
Парот направил 400 играчки кои се продале за помалку од два часа. До денес се имаат продадено над 350 милиони парчиња, а компанијата има профит од 3 милијарди долари.
Зумба
Бето Перез е инструктор од танцување од Колумбија кој држел часови во САД. На неговите часови користел популарни песни, како оние од Мадона или Мајкл Џексон. Но, еден ден останал без плејлистата, па пуштил тоа што имал – латино музика.
Бето се преправал дека токму тоа му бил планот, па почнал да импровизира со салса чекори. Часот бил вистински хит и во тој момент се родил танцот зумба. Денес зумбата е светски феномен, а богатството на Бето е проценето на 30 милиони.
Колачиња со чоколадо
Ресторанот Toll House Inn отсекогаш бил познат по неговите десерти, а сопственичката Рут Грејвс сакала да ја приготвува целата храна. Еднаш додека правела колачиња забележала дека нема чоколадо за готвење, па додала чоколадо од Nestle.
Но, се разочарала кога забележала дека чоколадото не се стопило и не се измешало со тестото. Сепак, колачињата со чоколадо станале хит помеѓу муштериите во ресторанот, а подоцна и низ цела Америка.
Подоцна Рут ги продала правата за рецептот на Nestle и била најмена како советник за рецепти.