Зошто треба да ги поддржувате другите жени и неколку начини да го направите тоа

Давајте им комплименти

Секоја жена сака комплименти, но факт е дека ретко ги споделуваме. Па одвреме-навреме разубавете ѝ го денот на некоја девојка со искрен комплимент. Советите во продолжение ќе ви помогнат во тоа.

- Фокусирајте се на нешто што носи. На пример, кажете ѝ дека фустанот ѝ е прекрасен, но не прашувајте ја од каде го купила.

- Обидете се да ја гледате во очи.

- Покажете почит. Немојте да дофрлате навредливи коментари.

- Веднаш споделете го комплиментот.

- Кажете ѝ дека и оди одлично на училиште, на работа или со она на коешто е фокусирана.

zoshto-treba-da-gi-poddrzhuvate-zhenite-vo-vashiot-zhivot-i-nekolku-nachini-da-go-napravite-toa-04.jpg

Помогнете им на вашите мајка и баба

Започнете да ширете добрина во кругот на вашето семејство. Помогнете ѝ на вашата мајка. Јавете ѝ се и прашајте ја дали ѝ треба нешто. Можете да ѝ купите и букет цвеќе без некој повод.

Овие мали гестови сигурно ќе ѝ го разубават денот.

Поврзете ги жените

Запознајте ги вашите пријателки една со друга. Можеби ќе се сложуваат одлично, можеби имаат одлична заедничка бизнис идеја или што било што ќе им помогне да се поврзат. Нема потреба да ги криете вашите пријателки од сите други.

Колку повеќе се поврзани жените, толку им се поголеми шансите за успех. Дури и истражувањата покажале дека жените кои имале круг од 1-3 пријателки, биле 2,5 пати поуспешни.

zoshto-treba-da-gi-poddrzhuvate-zhenite-vo-vashiot-zhivot-i-nekolku-nachini-da-go-napravite-toa-05.jpg

Поканувајте други жени на настани

На мажите ова им оди навистина лесно, дури и ако само што се запознале. Без проблем организираат групи, мали забави или се договараат да играат фудбал.

И жените можат да го прават истото, па зошто да не се обидете? Не плашете се доколку ви ја одбијат поканата. Тоа не значи дека ја ценат.

Направете си ваш женски клуб

Понекогаш едноставно не можете да бидете овде за вашите пријателки, но можете да направите нешто друго. Направете си ваш женски клуб со вашите најдраги пријателки.

Можете да направите и групен разговор на некоја од социјалните мрежи и таму да ги споделувате вашите емоции, неуспеси и достигнувања. Ова нека ви биде како безбедно место за споделување на сите ваши мисли.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Пет работи кои им се забранети на жените во Северна Кореја Мажените жени имаат право само на една фризура и никаде не се продаваат влошки и...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg