Што открива за вас местото на кое имате тетоважа?
Поединците кои ги тетовираат глуждовите или стапалата, честопати се мистериозни. Бидејќи се работи за мала област на телото, тетоважите се обично едноставни и имаат подлабоко значење од големите и раскошните.
Позицијата на тетоважата на телото е исто толку важна како и нејзиниот мотив. На пример, грбот го тетовираат луѓе кои не се грижат за мислењето на другите, а вратот го тетовираат храбрите лица.
Што означува местото кое ќе го одберете за тетоважа?
Област кај ребрата
Ова е многу невообичаено место за тетовирање, но исто така и многу популарно. Луѓето кои се тетовираат на оваа област се храбри и полни со живот. Тетоважите се обично поголеми и покомплицирани, што пак покажува нечија длабочина и правец на размислување.
Прсти
Ова се многу уникатни луѓе, затоа што, како и во случајот со тетоважи на кој било изложен дел од телото, овие тетоважи не можат да се скријат и можат да имаат влијание врз професионалниот живот.
Стапала и глуждови
Иако овие типови на луѓе, исто така, сакаат да им се гледа тетоважата, сепак се малку посрамежливи и дискретни, за разлика од оние кои носат тетоважи на глуждовите.
Поединците кои ги тетовираат глуждовите или стапалата, честопати се мистериозни, тетоважите се обично едноставни и можеби имаат подлабоко значење од големите и раскошните.
Рамена и раце
Рацете се најчестото место на кое луѓето се тетовираат. Малите тетоважи на горниот дел на раката или рамената откриваат претпазлива личност во која е скриена и дива страна. Тетоважа на срениот дел од раката ја покажува уметничката страна.
Бутови
Луѓето можат да си дозволат навистина големи и раскошни тетоважи на ова место, бидејќи имаат повеќе простор отколку на другите делови од телото. Бутовите повремено можат да бидат откриени и скриени, така што има простор за манипулација.
Се смета дека тетоважите на бутовите се секси, особено кога се искачуваат кон препоните.
Грб
Тетоважите направени на грбот, честопати се симбол на самите темели на животот, а луѓето што ги ставаат таму често се мистериозни. Тие се смели и не се грижат премногу за тоа што мислат другите за нив и нивните тетоважи.
Врат
Луѓето кои носат тетоважи на вратот, се сметаат за најхрабри, мудри и силни. Сликите што се наоѓаат на дното или на задната страна на вратот, откриваат поединци кои не се плашат да донесат важни и тешки одлуки.
Вратот е исклучително болно подрачје за тетовирање и навистина треба да се биде храбар за да се истрпи целата болка.
Ашера | Црнобело