Можеби не денес, но те уверувам, ќе бидеш добро…

Сакам да знаеш дека сè ќе биде во ред и ќе бидеш добро.   

mozhebi-ne-denes-no-te-uveruvam-kje-bidesh-dobro-01.jpg

Животот кој го имаш сега може да се промени за секунда, колку и да изгледа сега безнадежно.

Сакам да знаеш дека имаш моќ да ја направиш таа промена. Понекогаш можеби ќе се чувствуваш како да си во замка поставена од судбината и дека светот околу тебе се руши.

Но не е така. Тоа е процес. Тоа е патување, искуство низ кое мора да поминеш.

Знај дека во еден момент, ќе излезеш од тој магичен круг. Ќе излезеш од оваа битка како победник.

Тешко е кога гледаш дека патот по кој одиш е трнлив и валкан. Кога облаците постојано се над тебе и сонцето никогаш не излегува за тебе.

Но патеката ќе се исчисти, а небото ќе се разведри и сè ќе биде во ред. Повторно ќе се насмевнеш. Животот ќе ти се промени. Нема да остане вака.

Ќе има ноќи кога ќе мислите дека никогаш нема да се раздени. Денови кои немаат крај.

И ова ќе се промени. Вие ќе се промените. Дозволете да ја направите таа промена.

Верувајте дека еден ден, овој процес ќе си го заврши своето и ќе ве остави на мир.

Дека секој чекор што ќе го направите ќе ве води до момент кога ќе бидете добро.

Можеби тоа нема да биде денес. Нема да биде ниту утре. Но ќе се случи и тоа.

Правете ги работите чекор-по-чекор. Секој ден по малку. Животот е долг маратон.

Ќе има подеми и падови, а понекогаш падовите ќе изгледаат како да се вечни.

Но не е вистина. Ништо не е вечно и бесконечно. Ќе заврши.

А кога ќе заврши, ќе чувствувате неверојатно чувство на олеснување. Ќе ве обземе.

Тоа е чувството кога ќе кажете – Конечно се случи ова и дојдов дотука.

Чувството ќе биде неверојатно, но сепак вистинито.

Знајте дека патувањето може да е бурно и дека нема да биде лесно и без последици. Дозволете да се случи тоа.

Еден ден, ќе погледнете наназад и ќе се чувствувате целосно поинаку за овој период. Ќе знаете дека сте поминале низ многу.

И тоа е во ред. Ќе биде добро. И вие ќе бидете добро.

Само не денес… еден ден…

Извор

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg