Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто постојат толку малку леваци и кои се нивните предности?

Леваците зафаќаат само 10% од целото население ширум светот. Па поради ова сигурно се имате запрашано што ја одредува доминантната рака и зошто толку малку луѓе се леваци.

zoshto-tolku-malku-lugje-se-levaci-i-koi-se-nivnite-prednosti-01.jpg

Вo продолжение можете да го дознаете тоа, но и кои се предностите на леваците во однос на деснораките луѓе.

Зошто некои луѓе се леваци?

Положбата на фетусот во матката

Наводно, положбата нa бебето во матката во последното тримесечје може да биде одговорна за доминантната рака. Асиметричната положба, односно кога поголемиот дел од времето главата е свртена кон една страна, создава асиметрична стимулација што ја намалува „доминантноста“ на левата рака.

Ултразвук

Постои теорија според која ултразвукот може да има влијание врз мозокот на неродените деца. Веројатно ултразвукот ја зголемува шансата детето да биде левак.

zoshto-tolku-malku-lugje-se-levaci-i-koi-se-nivnite-prednosti-02.jpg

Изложеност на хормони

Неколку истражувања откриле дека мајките кои земале лекарства со естроген, најверојатно ќе родат дете левак. Научниците дошле до заклучок дека естрогенот има влијание врз развојот на мозокот, а со тоа и врз доминантната рака.

Еволуција

Доминантноста на раката може да зависи од гените, но и од опкружувањето, а бидејќи сме социјални суштества, мнозинството ја користат десната рака. Ова било докажано со набљудување на идентични близнаци кои имале исти гени, но различна доминантна рака.

zoshto-tolku-malku-lugje-se-levaci-i-koi-se-nivnite-prednosti-03.jpg

Кои се предностите на леваците?

Леваците се подобри возачи

Всушност, постои истражување што го потврдило ова. Наводно, леваците имаат помала шанса да предизвикаат сообраќајна несреќа. Исто таа леваците можат да научат да возат многу побрзо.

Подобра меморија

Најверојатно леваците, или нивните роднини, подобро ги помнат настаните. Во едно истражување учествувале 63 испитаници кои требало да гледаат серија од 55 зборови на екран, а потоа да ги запишат. Луѓето кои имале леваци во своето семејство покажале подобри резултати.

zoshto-tolku-malku-lugje-se-levaci-i-koi-se-nivnite-prednosti-04.jpg

Размислување надвор од кутијата

Кога станува збор за решавање проблеми, леваците имаат сосема поразличен пристап. Ова е особено важно доколку работат нешто креативно. Најверојатно ова е поврзано со фактот дека деснораките ги гледаат предметите од десната страна како позитивни, а од левата како негативни. Левораките, пак, го прават спротивното.

Тие се подобри атлети

Левораките мажи и жени се подобри во спортовите како бејзбол, крикет, пинг-понг и други игри каде што е потребна брза реакција. Причината е тоа што можат подобро да ја контролираат другата рака, па подобро се снаоѓаат во просторот за играње.

zoshto-tolku-malku-lugje-se-levaci-i-koi-se-nivnite-prednosti-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg