Kако да иматe посреќен и поисполнет живот?
Сите сакаме да имаме среќен живот, но исто така, сите имаме поинаква перспектива за тоа што навистина е среќен живот.
За некој среќен живот претставува богатство и материјални придобивки, додека некој друг може да каже дека за него среќен живот е љубов, семејство и пријателите, дури и во екстремна сиромаштија.
Секој од нас може да си постави исто прашање: „Што е среќен живот за мене?“ Одговорот сигурно зависи од вашите моментални околности.
Секој од нас ја перципира среќата на свој начин. Затоа би било залудно да се објаснува како да се биде посреќен, бидејќи не постои единствен рецепт за среќа.
Сепак, постојат неколку едноставни совети што можат да ви бидат корисни:
Во здраво тело, постои здрав (и среќен) дух!
Колку пати сте ја слушнале оваа изрека? Луѓето честопати забораваат дека не можеме да го одделиме телото од духот. Дури и бројни истражувања покажаа дека вежбањето и физичка активност имаат корисен ефект врз здравјето, особено врз намалување на депресија и вознемиреност.
И запомнете - не е важно само како изгледате, туку и како се чувствувате! Исцрпување со тешки вежби и премногу диети не претставуваат мерка за здравјето.
Сè има свое време!
Честопати ни се случува да не живееме во сегашноста, бидејќи премногу размислуваме за минатото или иднината. Ова често резултира со чувство на изгубеност во времето. Среќните луѓе чувствуваат дека го контролираат животот, бидејќи знаат како да управуваат со времето.
Луѓето понекогаш го преценуваат она што можат да го направат за еден ден, па се исцрпени и депресивни, бидејќи не успеале да остварат сè што зацртале. Сепак, немојте да одите во крајност со прекумерно контролирање на секоја постапка.
Планирањето е добро, но понекогаш треба да оставите време и простор за спонтаност.
Среќата е поголема кога се дели!
Негувањето блиски односи треба да ви биде приоритет во живот. Не пари, не мобилни телефони, не автомобили. Истите нема да ви помогнат кога ќе ви треба добар пријател за да ве утеши.
Не ги земајте блиските пријатели здраво за готово. Бидете љубезни кон нив, обидете се да го поминете време заедно, да се забавувате, да споделувате и да создавате спомени.
Бидете добар пријател. Не треба само да гледате како да ги искористите придобивките од вашите пријателства. Бидете тука за нив, без разлика дали тие направиле нешто за вас.
„Човекот е среќен онолку колку што може да ги направи среќни другите“.
Барајте ја среќата!
Освен дожд, снег, метеорски дожд и слични природни појави, многу малку работи паѓаат од небото. Ако не направите ништо во животот за да се чувствувате подобро, тогаш не очекувајте дека среќата ќе ви падне од небо.
Наместо да седите и да се жалите за тоа колку е тешка вашата работа, обидете се да пронајдете активности што ќе ги активираат вашите вештини.
Среќните луѓе имаат активен живот, но оставаат доволно време за одмор. Многу луѓе се хронично ненаспани и затоа се уморни, слаби и лошо расположени. Зошто луѓето упорно одбиваат да работат на таквите мали нешта за да бидат посреќни, тешко е да се каже.
Ашера | Црнобело