Дали сте слушнале за окото на Сахара?

Една од поинтересните геолошки формации на нашата планета, која остана неоткриена долго време, е геолошката формација Ричат, попозната како окото на Сахара. Сместена е во западна Сахара, во денешна Мавританија. 

Dali ste slusnale za okoto na Sahara 01

Оваа кружна геолошка формација, со дијаметар од околу 40 километри, е скоро невидлива, кога се гледа од површината.

Затоа е откриена дури во 1965 година, за време на мисијата на Џемини IV, кога на астронаутите им било наложено да направат голем број фотографии на површината на Земјата, со посебен акцент на кружните форми.

Една од снимените фотографии била и окото на Сахара, за која научниците првично сметале дека е кратер. Меѓутоа, со текот на времето станало јасно дека окото на Сахара е резултат на други процеси.

Поточно, според сегашната теорија, окото е создадено пред повеќе од 100 милиони години, откако се распаднал суперконтинентот Пангеа, со што започнал процесот на создавање на денешните континентални маси, поточно раздвојување на Африка и Јужна Америка.

Благодарение на овие процеси, стопениот материјал од внатрешноста на планетата се обидел да избувне на површината, но без успех, создавајќи само еден вид камена купола над себе.

Наскоро се формирале кружни пукнатини на споменатата купола, што довело до силна ерупција и пропаѓање на куполата, како и формирање на кратер, кој подоцна еродирал за да го добие сегашниот изглед.

Dali ste slusnale za okoto na Sahara 02

Прстените формирани во рамките на окото се состојат од различни типови карпи кои еродираат со различна брзина. Бледиот круг во близина на центарот на окото е составен од вулкански карпи формирани за време на експлозијата.

Конечно, да спомнеме една малку поинаква теорија според која окото претставува остатоци од главниот град на Атлантида, опишана од Платон, како град составен од концентрични кругови.

И којзнае, можеби постои огромно вселенско летало под површината?

Dali ste slusnale za okoto na Sahara 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии од секојдневниот живот кои ќе ви го стопат срцето „Мојата прабаба, која има 103 години, се смее додека во раце ја држи ќерка ми“, ...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg