11 работи за кои веројатно не сте знаеле дека не се рециклираат
Керамика
Доколку ви се скрши омилената шолја, не можете да ја рециклирате.
Некои видови стакло
Доколку ви се скрши стакло, внимавајте како ќе го спакувате во корпата за рециклирање за да биде безбедно. Сепак, некои стаклени предмети како светилки, огледала и очила не се рециклираат.
Стиропор
Стиропорот не се рециклира и не е разградлив, па избегнувајте го најмногу што можете.
Искината хартија
Иако хартијата најчесто се рециклира, доколку е искината може да претставува проблем. Причината е што кога е искината, хартијата е тешка за сортирање.
Некои амбалажи за пијалаци
Добро проверете дали амбалажата од сокот има симбол за рециклирање. Пластичната обвивка на некои од овие амбалажи ги прави непогодни за рециклирање.
Обоена хартија
Обоената хартија не се рециклира бидејќи најчесто е третирана со топлина и може да ги загади другите предмети.
Спирова С. | Црнобело