Вежби за мозокот кои ќе ви ја подобрат меморијата
Излегувате од дома, ја заклучувате вратата и сфативте дека телефонот си го оставивте на масичката. Ова фрустрирачко чувство често е проследено со прашањето – Како може да сум толку заборавен/а?
Веројатно затоа што не знаете дека како и на секој мускул на телото, така и на мозокот, му требаат вежби за неговото нормално функционирање.
Овие неколку вежби се всушност многу лесни и нема да ги доживувате како обврска плус во секојдневието, а ќе ви помогнат да си ја подобрите меморијата и концентрацијата.
1. Читајте гласно
Кога читате книга, пробајте тоа да го правите гласно. Зборувањето и слушањето во исто време му помага на мозокот полесно да ги прима информациите.
2. Јадете со стапчиња
Стапчињата ги активираат нервните завршетоци на прстите, кои пак го стимулираат мозокот. Активноста на прстите може да ја подобрат циркулацијата низ целото тело.
3. Разбудете се и помирисајте ванила
Иако прва асоцијација за будење ни е кафето, ванилата може да биде одлична промена. Ако секоја недела мирисате нова арома, ќе ја разбиете рутината и ќе му помогнете на мозокот полесно да прима и да се прилагодува на нови информации.
4. Стиснете ја тупаницата
Многу истражувања покажуваат дека ако ја стегнете тупаницата во времетраење од 90 секунди, полесно ќе ги запаметите информациите во текот на денот. Истата вежба може да ви помогне и кога сакате да се сетите на нешто што потсвесно го знаете, но сте го заборавиле.
5. Отворете прозор додека возите
Возењето во тишина со пуштена клима е супер, но доживувањето на природата околу ќе ви помогне полесно да ги активирате сите сетила. А, тоа понатаму му помага на мозокот да прими повеќе информации.
6. Запаметете 4 работи на човекот пред вас
Кога сте меѓу луѓе, обидете се да одберете една личност која ќе ви падне во очи и да запаметите 4 главни карактеристики на неа. Анализирајте неколку минути, па потоа детално објаснете си ги овие 4 карактеристики во главата. Ова ќе ви помогне да не гледате толку површно на работите.
М. Д. | Црнобело